Приближувањето на Куба и Америка предизвика вистински туристички „бум“ во Куба, со четири пати побрз раст во првата половина на годината, во однос на останатите гранки на стопанството.
За целата 2015 година се очекува туристичка експанзија како онаа од 90-тите години на минатиот век.
Повторното воспоставување на дипломатските односи меѓу Куба и Америка влијаеше врз приливот на туристи на Куба и тоа не само Американци, пренесува агенцијата Асошиејтед прес.
Според официјалните податоци, кубанскиот туристички сектор „експлодираше“ во првата половина на годината со раст од 15,9 отсто во однос на истиот период лани, што е четири пати повисока стапка од онаа за остатокот на економијата (4,0 отсто).
Најбројни странски туристи на Куба се Канаѓаните, потоа Американците и Французите, но не помалку летуваат и Британци и Германци.
Извор: Лидер.мк