Во месецот во кој се збогуваме со календарската зима и ја дочекуваме календарската пролет, филмската понуда во кино салите е мошне скромна. Причината за тоа е позната. И покрај надежите дека на почетокот од оваа година ќе бидат во целост отворени кино салите , се чини дека на тоа ќе се почека.
Од друга страна во овој и следниот месец ќе бидат доделени најзначајните филмски награди за остварувањата во изминатата година која, што се однесува до кино салите, ќе остане запаметена по катастрофалната ниска посетеност.Ваквата состојба ги принуди филмските компании да се свртат кон поинаков начин на презентација на своите филмови и колку толку да се одржат во живот.
Како ќе изгледа оваа филмска 2021 година ќе покаже времето и резултатите од борбата со големиот непријател, корона вирусот Ковид -19.
Но, да видиме кои филмови би требало да се најдат во кино салите во месец март.
ОДЕЊЕ ПО ХАОС
Познатиот режисер Даг Лиман („Борновоит идентитет“, „Фер игра“…) со филмот „Одење по хаос“ се преставува во научно фантастичниот жанр.
Се работи за филм чие дејствие се случува во не толку далечната иднина . Тод Хјуит ја открива Виола , мистериозно девојче кое доаѓа на неговата планета , каде сите жени исчезнуваат, а мажите се погодени од сила која ги уништува нивните мисли. Во овој опасен пејзаж,животот на Виола е загрозен а Тод ветува дека ќе ја заштити. За да го направи тоа тој ќе мора да ја открие сопствената внатрешна моќ која ќе му овозможи да ги отклучи мрачните тајни на планетата.
Во филмот главните улоги ги толкуваат:Том Холанд, Дејзи Ридли, Демијан Бичир, Дејвид Ојелово, Мадс Микелсен, Синтија Ериво…
РАЏА И ПОСЛЕДНИОТ ЗМЕЈ
Од вчера, во кино салите во САД и низ целиот свет требаше да започне да се прикажува компјутрески анимираниот филм „ Раџа и последниот змеј“ на компанијата Дизни.
Многу одамна , во измислената земја Кумандра, луѓето и змејовите живееле заедно во хармонија. Меѓутоа, кога злобните суштества познати како Друни ќе и е заканат на земјата, змејовите се жртвувале за да го спасат човештвото. Сега , по 500 години подоцна, истите тие чудовишта повторно се враќаат на земјата и повторно му се закануваат на човештвото .Еден осамен воин оди во потрага да го пронајде последниот змеј за да им помоге на земјаните да ги запре Друните засекогаш.
Режисери на филмот се Дон Хол и Карлос Лопез Естрада.
МОЈАТА ГОДИНА НА СЕЛИНЏЕР
Филмската драма „Мојата година со Селинџер“ во режија на Филип Фалардо е од 2020 година и со него беше отворен минатогодишниот 70. Берлински филмски фестивал. Заради појавата на пандемијата од корона вирусот , филмот на репертоарот во кино салите доаѓа една година подоцна.
Во филмот кој е темелен врз истоимените мемоари на Џоана Ракоф, настапуваат Маргарет Куали, Сигурни Вивер, Даглас Бут, Сеана Керслајк и други.
Филмот говори за Џоана, амбициозна писателка која во 1995 година го напушта Беркли во Калифорнија и со своето момче Карл се сели во Њујорк, каде се вработува во една од најстарите книжевни агенции во овој град која е управувана од Маргарет. Не знаејќи ја Џоана, агенцијата се грижи за интересите на озлогласениот писател Селинџер. Од друга страна , Џоана не прочитала ниту една книга на Селинџер. Маргарет не верува дека компјутерите се корисни и ја тера Џоана да и пишува користејќи машина за пишување. За време на нејзиното работање во агенцијата, одговорностите на Џоана вклучуваат и пишување одговори на големиот број на писма кои се испратени до Селинџер.
КОСМИЧКИ ГРЕВ
Филмот преставува авантуристички научно фантастичен филм кој говори за
седум лажни војници кои започнуваат превентивен удар против новооткриената вонземска цивилизација со надеж дека ќе ја прекинат меѓу ѕвездената војна пред таа да започне.
Режисер на филмот е Рдвард Дрејк а главните улоги ги толкуваат Френк Грило и Брус Вилис.
НАВИСТИНА
Хоророт со елементи на научна фантастика говори за една тинејџерка која е во бегство и која учествува во студија за спиењето. Студијата станува кошмарно спуштање во длабочините на нејзиниот ум и застрашувачко испитување на моќта на соништата.
Режисер на филмот е Ентони Скот Барнс а главната улога ја толкува Скајлер Радзион.
ХОЛАНЃАНИ
Џејмс Бернард јуниор, ака Холанѓанец, станува најопасниот криминалец во Њу Џерси. Уште од својата рана младост тој станува познат како вешт крадец на автомобили. Холанѓанецот ја користи можноста да владее на улиците и тој тоа го остварува. Со заштитата и со почитувањето на мафијата, Холанѓаните стануваат најстрашната сила на улиците. Окружниот правобранител Ентони Џејкобс е решен да го симне Холанѓанецот и неговиот тим од престолот. Тој е убеден дека неговите сведоци ќе сведочат против нив.
Режисери на филмот се Престон А. Витмор и Дејвид Волфганг. Улогите им се доверени на Маклом Дејвид Кели, Роберт Костанцо, Тајрин Тарнер, Ијана Хали …
КУРИР
Во трилерот „ Курир“ познатиот актер Бенедикт Камбербач игра лик на британски деловен човек кого бизнисот го носи во контакт со известувачките кругови во позадината на ескалирачка криза со нуклеарно оружје во Куба.
Филмот е во режија на Доминик Кук а во останатите улоги се појавуваат уште и Мераб Нинидзе, Рејчел Броснахан, Владимир Чупирков и други.
САС:ЦРВЕНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Приказната на овој акционен филм говори за една малечка армија на добро обучени криминалци кои се предводени од Ласло Антонов кои го киднапираат возот Евростар под Ла Манш.
Режисер на филмот е Магнус Мартенс а главните улоги ги толкуваат. Сем Хјуган, Хана Џон – Камен,Руби Роуз, Енди Серкинс, Том Вилкинсон и други.
НЕИЗДРЖЛИВА ТЕЖИНА НА МАСИВНИОТ ТАЛЕНТ
Оскаровецот Николас Кејџ претежно го препознаваме по неговите улоги во акциони филмови но понекогаш знае да „залута“ и во некој друг филмски жанр.Комедиајата со необичен наслов„ Неиздржлива тежина на масивниот талент“ е токму еден од тие филмови.Тој во филмот игра улога на човек кој штотуку добил отказ и се согласува да се појави на роденденската забава на еден супер милијардер како негов обожавател. Но , работите не се онакви како што изгледаат …
Режисер на филмот е Том Гормикан а покрај Кејџ во филмот настапуваат уште и Педро Паскал, Нил Патрик Харис и Шерон Хорга.
ПОСЛЕДЕН ПОВИК
Џереми Пивен , Тарин Менинг, Брус Дерн и Зак МекГован се дел од актерската екипа која настапува во комедијата „Последен повик“ која како режисер ја потпишува Паоло Пилади.
Еден инвеститор за недвижнини се враќа во својата стара населба Фили. Тој мора да се одлучи дали да го затвори или да го воскрсне семејниот бар.
СРЕЌНО
Филмот преставува романтична комедија со елементи на криминал и трилер. Главни ликови во приказната се Том и Џенет кои со години се во среќен брак. Но, посетата на еден странец ќе го смени нивниот живот . Тој ќе ги вплетка со еден мртовец и ќе отвори многу прашања како и патување со пријатели кои всушност не се пријатели.
Во филмот настапуваат:Натали моралес, Кери Бише, Натали Зеа и Џоел Мек Хејл.Режијата на филмот ја потпишува Бен Дејвид Грабински.
НИКОЈ
Еден случаен минувач кој интервенира за да и помогне на една жена која е малтретирана од група мажи, ќе стане мета на одмазда на еден мафијаш со дрога.Режисер на оваа акциона криминална драма е Илја Наишулер а главните улоги ги толкуваат:Боб Оденкирк, Кони Нилзен, Кристофер Лојд и други.
СЕДМИОТ ДЕН
Кон крајот на месецов (26.март) во кино салите би требало да започне да се прикажува и хорор филмот „Седмиот ден“. Филмот говори за еден познат егзорцист кој се здружува со еден млад свештеник при неговиот прв ден од обуката.И додека тие се спуштаат се подлабоко во пеколот на земјата, границите меѓу доброто и злото се замаглуваат и се појавуваат нивните сопствени демони.
Режисер на филмот е Џастин П. Ланге а главната улога ја толкува Гај Пирс. Тука се уште и Кит Дејвид, Стивен Ланг и Робин Бартлед.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк