Фотографијата ни ја испрати Тања Узуноска – Тренеска од Охрид. Ни напиша дека златната есен ја „заробила“ точно пред една година при случајна прошетка во некогаш популарното излетничко место и камп „Андон Дуков“ на патот меѓу Охрид и Струга ( ова за оние кои не се од овие краишта ) .
Тања која е професионално вработена како биохемиски лаборант во ПЗО „Дарон“ во Охрид во слободно време е уметнички раководител на КУД „Ѓердан“ ни рече дека е вљубеник и во уметничката фотографија. Иако, мнозина ја убедувале да отвори изложба од своите фотографии,а таквите предлози дошле и од соседна Србија, Тања досега не се осмелила на таков чекор, можеби ова претставување на „Публицитет.мк “ ќе биде пресвртница во нејзиното занимавање со фотографијата. Оваа фотка ќе ја претстави во јавноста и како извонредно талентиран фотограф.
Публицитет.мк