Како сакате да го минувате времето кога ќе наполните 100 години? Фелимина Ротундо нема време да размислува за такво нешто. Родена е во 1915 година, секој ден оди на работа, и нема намера да престане.
Облеката на закачалките се врти во недоглед во оваа пералница во Бафало, Њујорк. Сѐ под будното око на Фелимина Ротундо. Пред неколку месеци таа наполни 100 години. Сепак, таа работа по 11 часа дневно, шест дена во неделата. Од пред 40 години таа пере и пегла во оваа пералница- многу нешта низ годините се промениле. Но машините останале истите.
Кликнете на линкот и погледнете го видеото:
Во пензија на 100 години?
„Сите мислеа дека се збогатувам со 25- те центи од машините за перење тогаш. Но тоа беше многу одамна“.
Тешко е да се поверува, но презафатената госпоѓа самата заработува за живот веќе 85 години. Денес Фелимина, која на галено ја нарекуваат Мини, вели дека нејзината работна етика е причината за нејзиниот долг живот. А има совети и за другите сениори.
„Излезете и работете нешто. Премногу стари луѓе се пензионираат премлади. Луѓето не треба да седат и ништо да не прават. Тоа е губење време“.
Најрано на 75 годишна возраст, вели Фелимина, треба да се почне со размислување за пензија, на пример од здравствени причини. Таа самата сепак сѐ уште не донела цврста одлука.
“Сѐ уште сум тука. Не знам уште колку ќе можам да работам но ќе продолжам се додека можам да одам“.
Извор: dw.com






