Марина Садикоска е родена и израсната во Охрид, во Долна Влашка Маала потекнува од познатото охридско семејство Кипаризовци, а сега живее во Њу Џерси, САД и таму работи како програмер.
– Љубов кон фотографијата имав од порано ама поинтензивно почнав да се занимавам, така за своја душа, пред неколку години, а со учеството на повеќе натпревари за фотографија на социјалните мрежи добивам повеќе поттик за фотографирање…
Ама Охрид ми е во срцето па сакам да го сликам од разноразни агли…
Поздрав… и фала Ви на честа…, ни напиша Марина.
Од неколкуте фотографии кои ни ги испрати за да одбереме, тешко беше да се одлучиме. Сепак за оваа пригода ја одбравме црнобелата фотографија на куќата на Уранија. Се надеваме ќе ви се допадне.
На Марина и ние искрено и благодариме за соработката.
Публицитет.мк