Во Кина пред два дена е отворен спектакуларен висечки стаклен мост, долг 300 метри.
Овој мост е дело на израелски архитекти , поставен е преку 180 метри длабоко провалија во геолошко-забавен парк, во централната кинеска провинција Хунан.
Според реакциите на првите посетители, може да се заклучи дека прошетката по мостот е само за храбри. Имено, освен што се наоѓа на вртоглава висина, мостот полека се клацка, што кај многумина буди незгодно чувство.
Мостот ги поврзува двата планински врвови Будини карпи. Кинезите веќе го нарекле „мостот на хероите“.
Изграден е од стаклени панели со дебелина од 24 мм , 25 пати посилни од обично стакло, мостот може да издржи тежина од дури 800 личности истовремено.