Поминаа 18 години откако терористите на Ал Каида со авиони ги урнаа кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк.
Во нападите загинаа речиси 3.000 луѓе.
На местото каде некогаш стоеја облакодерите, денес на жртвите од нападите потсетува светлечката инсталација „Tribute in Light”: 88 рефлектори вперени кон небото ги оцртуваат силуетите на зградите.
извор:Дојче веле