Во стилот на Јованка Орлеанка! Фризурата со шишки “на реси” се враќа после две децении во мода.
Од Јоланди од групата “Die Antwoord” и Лејди Гага, до манекенките на ревиите од Кристофер Канеа, припадничките на понежниот пол можат да се забележат со супер кратки и неуредни шишки. Малечки ножици за нокти можат да бидат таен прибор во женската чанта — одсечените шишки на реси се фризурата за оваа сезона.
Лејде Гага ја покажа својата нова фризура, порано овој месец. Имала шишки слични на оние ко на познатата пејачка Јоланди од јужноафриканската група “Die Antwoord”, пишува Гардијан. Ова ги натера членовите на групата луто да реагираат на Инстаграм.
Од друга страна, повеќето членови од моделите на ревијата на Кристофер Канеа , носеа шишки на “реси”. И покрај насловите во медиумите кадешто често се наоѓа зборот “нов”, овие шишки доаѓаат од минатото, поточно деведесетите години на дваесеттиот век. Ема Балфор и нејзината долго-кратка фризура, потоа Керен Елсон на насловната страна на The Face од 1997 година и Џулиет Луис со разните фризури во 1994 година, се само некои приврзаници на трендот.
Јоланди, барем, може да тврди дека ја донела фризурата на повисоко ниво со шишките коишто се толку ишишани што личат како да се потполно отсечени.
Публцитет.мк / Д.В.