Од 9 до 12 јуни во Палаекспо, Верона се одржа еден од поголемите уметнички настани во Италија првото Интернационално триенале за современа уметност.
Учество зедоа преку 500 селектирани уметници од целиот свет изложувајки уметнички слики, скулптури и дизајн.
Организацијата на настанот беше на највисоко професионално ниво како во изложувањето на делата така и во професионалниот критички поглед на изложените дела, покриено од повеќе интернационални медиумски куки.

Секое уметничко дело беше критички анализирано од најголемите италијански бардови на уметноста проф. Паоло Леви претседател на Уметничкиот совет, Витторио Сгарби критичар од интернационален калибар и познатиот историчар на современа уметност проф. Лука Беатриче.


На ова Триенале беше поканет да учествува и македонскиот современ сликар Јордан Манасијески, а изложи дело кое го карактеризира неговиот извонреден и мистичен стил, сликата „Приказна за светите простори“.


Критиката за неговото сликарство беше на високо ниво што може да се каже дека припаѓа на генерација уметници кои го трасираат патот на новата современа уметност.
Фото: Љупчо Жупан
Публицитет.мк