Охрид, вечерва беше на нозе, велат од „Протестирам“
Собирот на „Протестирам “ во Охрид поддржан од неколку стотици граѓани од Охрид започна на плоштадот „Македонија“, а подоцна демонстрантите прошетаа низ Охридската чаршија се до Градскиот плоштад, а маршот го завршија пред Основиот суд.

Со извици „Нема правда, нема мир“, свирежи , негодувања и транспаренти граѓаните го искажаа револтот од владеачката гарнитура во Македонија.

Впрочем како и низ цела Македонија и во Охрид барањата на „Проитест “ се исти: повлекување на одлуката за аболиција, оставка на претседателот Иванов и одложување на изборите, изјави Вероника Стефаноска, активист на „Протестирам“.

Беше најавено дека демонстрантите од кај Чинарот дека ќе се упататат кон зградата на општина Охрид, Тие се откажаа од намерата за да се избегне контакт со активистите на ГДОМ, па својот протестен марш го пренасочија кон Градскиот плоштад и кон зградата на Општинскиот суд.

Полицијата постави физички препреки на повеќе улици во центарот на Охрид, за да се превенираат несакани ситуации или блиски средби меѓу припадници на двата спротивставени страни.

Публицитет.мк






