• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Голема хуманитарна акција на учениците од ОУ „Братство -Единство“

декември 29, 2015
in Uncategorized

Во пресрет на новогодишните празници, учениците од Училишната заедница при ОУ „Братство Единство” и одговорните наставници организираа голема хуманитарна акција. Целта на акцијата беше да се обезбедат продукти за социјално загрозени семејства и новогодишни пакетчиња за ученици од ранлива категорија.

„ Длабоко сме свесни за фактот дека во нашето училиште учат голем број ученици чии семејства, за жал секојдневно се борат да преживеат и да ги задоволат основните егзистенцијални потреби. Резултатот од акцијата ги надмина сите наши очекувања, за што би сакала да им оддадам признание и должна благодарност на неколку фирми и медиуми кои несебично ја поддржаа нејзината реализација, и тоа: Компанијата „МАКПРОМЕТ” ОД Штип, АСП ПАК, Lounge bar „Mr.I”, маркети „Netto”-Струга, Цвеќара „Bella designe”, Продавница за ламинат „Шикле”, ТА „Ибегалис”, ТА „Елида турс”, Фризерско студио „Elitte” и локалните медиуми Ohridnews и Супер радио. Со нивните и донациите на вработените во училиштето, учениците и родителите, успеавме да направиме 30 пакети со храна и 110 новогодишни пакетчиња, а се обезбеди и парична помош за ученик од нашето училиште кој во моментов е на лекување. Среќни сме што покрај остварувањето на основната цел на акцијата, учениците ја разбраа големината на правењето добри дела, а добрите дела се гаранција за еден подобар и поправеден свет”- изјави Ивана Илиевска, одговорен наставник на Училишната заедница за паралелките на македонски наставен јазик и иницијатор на акцијата.

Инаку, од донациите во храна и пакетчиња, покрај на учениците од ОУ„Братство Единство”, подарени се 13 пакетчиња во Дневниот центар за лица со церебрална парализа „Добротољубие” и 15 новогодишни пакетчиња и пакет со храна за штитениците од Дневниот центар „Зраци”. Од училиштето ја поздравуваат успешноста со која Училишната заедница ја спроведе акцијата, изразувајќи надеж дека  во иднина акцијата ќе стане своевидна традиција.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Посетеност: 83
Share
Previous Post

Божикните пазари во Прага најубави во светот

Next Post

Новогодишно обраќање на градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески

Next Post

Новогодишно обраќање на градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 83

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk