Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денес во грчката општина Воден ќе присуствува на првиот стартен состанок на меѓуграничниот проект ”Вотернет” , кој е финансиран од ИПА фндовите.
Од македонска страна општина лидер на проектот е Општина Охрид преку ФТОН Охрид, а oд грчка страна лидер е општинта Воден, преку Универзитетот „Аристотел“ од Солун.
Првите резултати од оваа соработка се остварија со обезбедувањето на донации за изградба на првите 200 метри од патеката ”Студенчишта” , а според предвиденото треба да се изгради и туристичко информативен центар , кој се планира да е лоциран пред објектот на ”Телеком” и да е во форма на едрилица.
Со средства од оваа соработка предвидени се и едукативни работилници и кампањи за подигање на свеста кај луѓето по прашањето за значењето на водата.
Извор: ohrid1.com