• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, јули 9, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Хранете се како Новак Ѓоковиќ

септември 21, 2015
in Uncategorized

Шампионот Новак Ѓоковиќ не крие дека исхраната и тренингот се неговиот најсилен адут, а со американската јавност реши да сподели своите тајни на успехот кои се однесуваат на неговата исхрана.

Тој објаснува дека избраната здрава храна е базична во неговото секојдневие и никогаш не ги прескокнува своите навики и ритуали.

Наутро прво пијам вода

Голема чаша вода е за старт на мојот ден, но оставен на собна температура. Ладната вода многу потешко ја обработува организмот, затоа секогаш пијам таква на собна температура. Штом минува осум часот водата е задолжителна за мене, но може да ми послужи и шоља чај.

Ништо без мед

Друго што консумирам за појадок освен вода е две лажички мед. Секој ден тој е на моето мени, а го набавувам од Нов Зеланд. Знам што мислите „Но, медот е шеќер“, да така е, но на вашето тело тој е неопходен, посебно за луѓе што се активни како мене. Медот е многу поздрав од чоколадо и е енергетски одличен.

Моќен доручек

После вежбите, подготвен сум за доручек. Тоа најчесто се мусли без глутен, рака ореви,лешници и кикирики, сецкано овошје, банани и кокосово масло и млеко.

новак хитпортал

 

Тука е и тостот

Ако во случај тоа не ми е доволно, тогаш јадам и тост, но тој е или со туна или авокадо, секако со леб без глутен.

Пастата е се што ми треба

Мојот типичен ручек е паста без глутен со зеленчук. Пиперки, домати, ѓумбил, брокули, грашок и морков. Ги комбинирам со маслиново масло и тестенини, останатото е по моја желба и ги има сите потребни протеини што ми требаат.

Пијалокот е важен

Во текот на тренингот секогаш до себе имам две боцички енергетски пијалок, но не било кој, туку оној што содржи фруктоза. Не се тешки за желеудникот, а ми помагаат да се освежам.Во моите пијалоци секогаш мора да има витамин Ц, магнезиум и калциум, а тука се и шејковите со протеини.

новак ѓоковиќ хитпортал

Грицкам кофеин

25 милиграми кофеин ги грицкам. Можеби е необично, но тоа е мојот начин за консумирање кафе. Мед имам со мене секогаш па знам да каснам малку заедно со кофеинот.

За вечра органска шницла

Вечерам касно и секогаш е протеински оброк во вид на месо или риба. Тоа значи јунешко, пилешко или лосос. Најважно е да е од органско потекло. Штом е храната поблиска до природата тоа е најдобро. Супата е секогаш покрај мене за вечера.

 Извор: hitportal.com.mk 

 
 

 
 
 
 
 
 
 

 

 
Посетеност: 115
Share
Previous Post

Eнергија со долг рок

Next Post

Children’s Story Hour – Час за приказни на англиски јазик за деца

Next Post

Children's Story Hour - Час за приказни на англиски јазик за деца

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 115

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk