• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, јули 4, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Занимливости

Идниот викенд во Охрид фестивал на фризура, мода и убавина “HAIR FAIR 2018”

март 16, 2018
in Занимливости
Идниот викенд во Охрид фестивал на фризура, мода и убавина “HAIR FAIR 2018”

На 25 и 26 март  ( недела и понеделник ), во прекрасниот хотел “Aqualina”, сместен на Охридското крајбрежје ќе се одржи дванаесеттиот по ред фестивал на фризура , мода и убавина “HAIR FAIR 2018”.

Организаторот на оваа манифестација , Македонската фризерска асоцијација, се погрижи оваа година да учествуваат престижни фризерски имиња како од Балканските простори, така и пошироко од Европа.

 – Потврдено е учеството на познатиот Џанкарло Миланезе од Италија, но и на Гоце Ралевски, најдобриот и најтрофејниот македонски фризер и стилист, кој живее и работи во Малме, Шведска, информираше претседателот на македонската фризерска асоцијација Димче Ивановски.

– Ралевски е добитник на првото место во 1984 и 1985 тата година на Stockholm hair open, во 1990-тата на го освојува 3-тото место во Ротердам, истата година е добитник на првото место на SKANDINAVIA HAIR, во 1992-та го освојува 5-тото место екипно со репрезентацијата на Шведска на WORLD CUP TOKIO. Рлевски бил стилист на победничката од Шведска на Евровизија во 1991 , стилист на модната агенција ЛМ за Скандинавија, едукатор е во Скандинавија за компаниите WELLA и Schwarzkopf и сопственике на AVANTGARDE STUDIO во Малме.

26907605 10213085836293310 3621969404290620629 n

– Миланезе поседува титула HAIR MASTER во Италија. Од 1998-тата до 2001 та бил уметнички директор во Видал академијата во Лондон. Го освојува второто место на светскиот куп за фризери во 2014-тата година, второт место со италијанскиот тим на Европскиот куп во 2015 тата година за најдобро потстрижување и колористика, првото место на светскиот куп во Киев Украина во мај 2016 за асиметрично потстрижување и колористика.

Директор и основач е на Giancarlo Milanese International Academy.

Програмата утврдена за овогодишниот саем на фризурата е следна:
25-ти март ( недела) е натпреварувачки ден каде што учесниците ќе се натпреваруваат во следните дисциплини: Машко потстрижување, Женско потстрижување, Пунџа на долга коса,Невестинска фризура и фризура Фантази.По завршувањето на натпреварувачкиот дел , следуваат шоу перформанси на фризери од фризерските клубови од повеќе македонски градови.
26-ти март( понеделник ) со свои шоу перформанси ќе се претстават најдобрите фризери – стилисти од Италија, Белгија, Холандија , Турција, Грција, Бугарија, Србија, Албанија и Косово.

Публицитет.мк

Посетеност: 89
Share
Previous Post

Филмски евергрин: „Беше еднаш на дивиот запад“

Next Post

Охрид немоќен пред југот – силен ветер и бранови до 2 метри

Next Post
Охрид немоќен пред југот  – силен ветер и бранови до 2 метри

Охрид немоќен пред југот - силен ветер и бранови до 2 метри

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 89

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk