Во Халмштад на југот на Шведска, Маја Бергстром која има 104 години добила покана да се јави за предучилишно образование.
Во поканата од општината нејзиното семејство се замолува „девојчето“ да го запише во предучилишно образование бидејќи го исполнила старосниот услов.
Старицата рекла дека била шокирана кога го примила писмото, но и помалку разочарана бидејќи не може повторно да тргне во училиште.
Овој гаф општината го оправдала со објаснувањето дека им испратила писма на сите родители чии деца се родени од 2011 до 2013 година и дека во случајот на 104 годишната Маја направена е грешка во документацијата, наместо дека е родена 1912 пишувало дека е родена 2012 година.
Публицитет.мк