• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, јуни 30, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

IN MEMORIAM: Замина уметникот Симон Ничев ( 1942 – 2024 )

февруари 23, 2024
in Во светот на уметноста
IN MEMORIAM: Замина уметникот Симон Ничев ( 1942 – 2024 )

Тивко, оставајќи го платното на животот недовршено деновиве во Скопје на 82 годишна возраст почина уметникот Симон Ничев.

Беше роден во Охрид во 1942 година. Тој е уметник од втората генерација охриѓани на кои сликарството им станало животна преокупација. Тоа е повоениот период се’ до појавата на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, период кој носи непрекинат растеж, револуционерна преобразба во сите области на општествениот живот, па и во уметноста.
Но неговиот пат е малку подалечен отколку на останатите.

429122085 349846758037751 132250756623684921 n

Академија – отсек монументално сликарство дипломирал во Белград 1967 каде ги завршил и постдипломските студии. Од 1962 до 1992 живеел и творел во Белград и Сараево. Статус на слободен уметник уживал од 1978 година. За своето творештво добил преку 40 награди и признанија. Покрај сликарството се занимавал и со ликовна и применета графика. Од 1992 до 2024 живее во Скопје каде го завршува својот животен пат.

376469145 291861097003409 2849235535543832842 n

Симон Ничев според критиката е автор кој остварува специфичен однос спрема светлината во сликата, спрема феноменот на белата слика и духовното во уметноста. Тој се вбројува во групата автори со класична инспирација и сензибилитет за јужните медитерански предели.
Потписникот на овие редови пред околу 32 години имал тет атет средба со уметникот Ничев при едно негово претставување во култните галериски простори Уранија или Робевци во Охрид и до денес го чува споменот на него како на еден смирен човек, задлабочен во сликањето, човек со посебен сензибилитет и енергија и траекторија на животот која тогаш насилно била прекината со воените конфликти во поранешна Југославија.

426758582 710551340965066 8878862238241192900 n

Ничев беше пред времето со нему својствени манири специфични и изградени преку неговите контакти со плејада уметници од висок ранг на просторот од поранешната држава.

zimski pejsaz 1024x847

И сето ова писание можеше и да не излезе во јавноста ако поттикот не дојдеше од младиот вљубеник во целата уметност па и сликањето идниот лекар Симон Јаковлев – Писин од Охрид кој во порака упатена до Публицитет, напиша: – Денес дознав дека заминал големиот сликар Симон Ничев.
Како сокласник на дедо ми, имав среќа да го познавам лично. Беше неверојатно остроумен човек, со широки познавања од музиката, филозофијата, политиката и историјата. Задоволство беа нашите разговори во коишто јас повеќе слушав, а тој повеќе зборуваше.
Следната средба требаше јас да зборувам повеќе, така беше договорот… за жал остана недовршен…
Ќе ми недостасува кафето шербетлија и муабетот за Бах и Шопен…
За неговото дело нема ни да зборувам, не сум достоен. Неговите слики зборуваат погласно од кој било кажан збор… Великан.

404628746 1352383142052449 857074222975841963 n

Вечна му слава на уметникот тој замина но неговите дела останаа распрснати по светот низ галериите и во нечии домови…

Погледнете што пишуваше критиката за Ничев во една пригода за неговата уметност и умешност: 

https://arhiva.zaum.mk/wp-content/uploads/2020/12/2000_11_27_Simon_Nichev.pdf

 Милчо Јованоски

Публицитет.мк 

Посетеност: 211
Share
Previous Post

Соопштение за работно време на Централен регистар за прием на годишни сметки во хартиена форма

Next Post

Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ: Борба на охридските лебеди

Next Post

Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ: Борба на охридските лебеди

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 211

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk