42-годишен скокач стана првиот човек во историјата кој извел скок без падобран. Тој слета во специјално поставена мрежа
По двеминутен слободен пад, Лук Ејкинс падна во стометарска мрежа која го амортизираше неговиот пад. Опасниот потфат беше пренесуван во живо на американската Фокс телевизија, но за малку воопшто немаше да се одржи. Имено, одговорните на програмата барале од Ејкинс во секој случај да носи падобран, на што тој се спротивставувал и размислувал да го откаже скокот. Одобрението за скок без падобран дошло во последен момент додека Ејкинс и екипата биле во авионот.
Ејкинс има над 18 илјади скокови со падобран во неговата кариера, а беше и член на екипата на Феликс Баумгартнер кој беше првиот човек кој ја проби брзината на звукот при скокот од височина од 30 километри кон Земјата во 2012 година.
Извор: www.dw.com