Нема сомнеж дека годинешниов септември е еден од потоплите во поновата историја на нашиве простори. Пред неколку дена УХМР ја достави информацијата за апсолутната максимална температура на воздухот за месец септември, според мерењата на главните метеоролошки станици во периодот од 1951 до 2014 година. Во тебелата се дадени местата и датумите кога се забележани овие апсолутни максимални вредности на температурата.
Tемпература | Место | Датум | |
39,2°С | Гевгелија | 07.09.2008 | |
38,8°С | Демир Капија | 07.09.1952 | |
37,8°С | Струмица | 06.09.2008 | |
37,3°С | Штип | 08.09.2008 | |
36,9°С | Скопје (З.Рид) | 15.09.1987 | |
36,6°С | Прилеп | 01.09.1952 | |
36,0°С | Битола | 01.09.1952 | |
35.0°С | Крива Паланка | 08.09.2008 | |
33,5°С | Охрид | 08.09.2008 | |
32,7°С | Берово | 08.09.2008 | |
31.1°С | Маврово | 07.09.1952 | |
30,5°С | Лазарополе | 15.09.1987 |
Но, оваа тебела веќе ќе трпи промени со оглед на тоа дека со последниот топлотен бран, на неколку мерни станици на УХМР се надминати старите рекорди.
Највисоката промена на температурата е забележана на 5 септември во Демир Капија, а новиот апсолутен максимум е 39,7°С и со оваа вредност, Демир Капија го „држи“ рекордот за највисока температура измерена во Македонија во месец септември.
Нов рекорд имаме и во Штип, а разликата со стариот е само 0,3°С. Сегашниот рекорд е 37,6°С.
Следно место кое според табелата погоре има нов максимум е Скопје. Новиот максимум е 37,5°С.
Но, она што е вредно да се спомене за Скопје е тоа дека ако погледнеме низ билтените не мерење на температурата кои датираат пред 1951, ќе видиме дека апсолутниот максимум на температурата во Скопје бил измерен во 1928 година и изнесува 38,5°С*. Исто така важен момент кога се разгледува овој податок е тоа дека локацијата на мерната станица во 1928 година бил во близината на денешното Средно Уметничко училиште.
*Податокот е добиен од Prilozi poznavanje klime Jugoslavije, Temperatura, Vetar i Oblačnost u Jugoslaviji, Rezultati osmatranja za perio 1925 – 1940
Извор: meteopro.mk