Напишана пред четири години новата песна на Боби пуштена во етер токму на Божик
,, Христос се роди и нека ни е за многу години! Ви посакувам здравје, среќа, љубов, берикет и се најдобро.
Како мој божиќен поклон ви го подарувам шестиот официјален сингл “Јануари“ чиј текстописец и композитор сум јас, а аранжманот е на Гоце Симоноски. Видео-записот е дело на Даниел Јовески.
“Јануари“ ја искомпонирав пред точно четири години, но сега одлучив дека е вистинскиот момент оваа нумера да биде објавена. Ви посакувам убави дни и се надевам дека ќе уживате, како што јас уживав додека го создавав“ изјави Боби Мојсовски.
Публицитет.мк