Ученици, доколку размислувате што би можеле да направите за вашите наставници во 2016 година, тогаш еве што ви советуваат наставниците, доколку би ги прашале нив.
1. Учете редовно, а не само кога ќе дојде време за тест.
2. Кога нешто не ви е јасно – прашајте!
3. Бидете внимателни на час.
4. Не разговарајте со соучениците за време на час – за тоа служи одморот.
5. Облекувајте се и однесувајте се пристојно – без лак за нокти, шминка и кратки сукњи.
6. Немојте да заборавате да носите прибор и домашните задачи. Училиштето е вашата најважна работа и бидете одговорни кон неа.
7. На училиште не носете ништо што не ви е потребно на час – посебно не вредни работи или нешто со што би можеле да се повредите.
8. Не препишувајте и не им помагајте на соучениците кога одговараат – не си правите услуга ниту себеси ниту на другите.
9. Почитувајте ги вашите другари.
10. И најважно, почитувајте ги вашите наставници, тие сакаат да бидете среќни – тие го посветија својот живот на вас и вашето образование.
Извор.Fakulteti.mk