
Викендов во СОУ „Јахја Кемал” во Струга беше организирана Олимпијада по предметите математика и физика за ученици од основните училишта од Охрид, Струга и Кичево.
Четири ученици од Основното училиште „Христо Узунов” од Охрид беа во најдобрите седум во решавање на задачи по двата предмети, информираат од училиштето. Тоа се учениците: Борче Исакоски,Горазд Блажески,Михаела Климоска и Дамјан Недески.

Ученикот Исакоски го освои првото место при решавање на задачите од предметот физика.

-Нашето училиште, традиционално , продолжува да нижи успеси и да ја негува љубовта кон науката,со што да се биде негов ученик или наставник е голема чест,предизвик и задоволство,вели професорката по физика во ОУ „Христо Узунов“, Вера Зороска.
Публицитет.мк






