Денеска, недела во 11:15 часот наутро на Сител телевизија премиерно ќе биде емитувана емисијата “Кајчето белег на езерското синило” гледајте не и уживајте, порачуваат момчињата од Ансамблот „Билјана“
Пред камерите на ТВ СИТЕЛ излегоа повеќе охриѓани: Љупчо Џамбаз и мајстор Скендер, Ирак и Филип Каневче, Љупчо Поп-Стефанија, Оливера Мишева и Горан Патче.
Ансамблот „Билјана“ ќе ги пее песните „Охрид, Охрид, убав, мил“ и „Бог да бие Русе“ . Целата приказна се врти околу начинот на изработка на кајчето а спомнати се чалгиите како декор на чунот т.е кајчето.
Уредник на емисијата е Ристо Самарџиев
Публицитет.мк