Во германскиот весник „Вајхсел Цајтунг“ беше објавен запис од новинарот И. Купч – Ризенбург: „Судбината на царската глава“.
Овој запис на новинарот Ризенбург е запишан по искажувањата на очевидец. Ево како тој го опишува овај таинствен настан: „За јавноста е познато дека Царот Николај Втори со своето семејство беше убиен во Екатеринбург, во подрум, во ноќта помеѓу 16 и 17 јули 1918 година. Можно е и помалку познато дека егзекутери на ова валкано дело, кое подоцна е одобрено од Ленин, Бухарин и другите болшевички властодржци, да биле Тротски и Зиновјев. Исто така, во Германија е потполно непознато што направија болшевичките водачи со главата на убиениот Цар – јас можам во потполност да ви ги раскажам моите видувања, раскажува очевидецот.
За стрелањето на Царот во Москва бев известен со телеграма од претседателот на револуцерниот комитет на уралската околија, Белобородов. Телеграмата беше испратена лично од Ленин и од Тротски, која пристигна во Москава на 18 јули. Нејзината содржина им беше соопштена само на комесарите и другите раководители – болшевици, кои се наоѓаа во Москва. Народот за убиството на Царот беше официјално известен многу денови подоцна, кога веста за тоа во Москва пристигнала по заобиколен пат и неможела повеќе да биде премолчена. Значајно е тоа што, веста за убиството на царската фамилија уште на 18 јули стигнала во Берлин.

Но, во Берлин не сакале да веруваат во тоа. Се случило на 19 јули московската радио станица да ја пренесе тенденциозната вест од еден поголем берлински весник, кој наспроти гласноста за убиството на царската фамилија која нашироко се распространила гласела: „Царот и неговата фамилија се живи, спасени се од своите пријатели и сместени се на сигурно место.
Оваа соопштение многу ги вознемирило диктаторите во Кремљ и Тротски побарал од Белодородов вистински докази за тоа дали „тиранинот на Русија вистински е осуден со заслужената казна“ /оригинален запис од телеграмата/. Како одговор на телеграмата, најдоверливите раководители вечерта на 26 јули им испратиле запечатен куфер. Во куферот се наоѓала главата на убиениот Цар. По оваа пратка, не беше потребен поверодостоен доказ од овој дека Царот е навистина убиен.
По наредба на Ленин, утрото на 27 јули беше свикан собир на главните советски водачи, на кои им била покажана пратката од Екатеринбург. Било потврдено дека во куферот, во стаклена тегла, навистина се наоѓала главата на Царот Николај Втори. За сето ова бил направен записник. Записникот го потпишале сите осуммина кои биле на собирот: Ленин, Тротcки, Зиновјев, Бухарин, Дзержински, Камењев, Калинин и Петерс. А по потпишувањето на записникот, Камењев го поставил прашањето – што ќе правиме понатаму со главата на Царот?
Повеќето сакале главата да се уништи. Само Зиновјев и Бухарин предложиле главата да се стави во алкохол и да му се даде на музејот за да ја чува и да ги подучува идните генерации. Предлогот бил одбиен, а решението се состоело во тоа – главата да се уништи, да не биде, како што се изнесол Петерс, простите луѓе од неа да направат светец пред која ќе се поклонуваат и да не дојде до немири и поделби“.
За извршување на задачата бил задолжен Тротски. Заклучокот од решението гласело; Царската глава да се запали во Кремљ истата ноќ, помеѓу 27 и 28 јули, тоа значи десет дена после убиството. Еве како се случи палењето на главата: – Во закажаното време застанав пред вратата на Кремљ. Началникот на караулата излезе пред мене и ме праша каде сакам да одам? Јас му ги покажав документите и писмото на командантите од Кремљ. Од командирот кој ме поведе дознав за палењето на царската глава дека ќе се изврши во преуредената некогашна кујна. „Таму е се спремно и останува само да ја извршиме работата“, ми вели командирот смеејќи се. Командирот ја отвори вратата и влеговме во голема просторија која беше малку осветлена со керозинска ламба и насреде имаше распламтена печка. Сега подобро ги препознавам и другите присутни. Меѓу нив се: Еидук, Смирнов, Бухарин, Радек со сестра му и неколку други. Потоа се појавија Петерс со Балабанов; а по нив следеа Колонтај, Лацис, Дзержински и Камењев. Во просторијата е толку жешко што одвај успеваме да дишеме. Сите се вознемирени и возбудени. Тротски дојде последен. По неговото доаѓање, и во истиот момент на маса се поставува четвртасти куфер. Во тој момент љубопитните толку блиску се насобраа околу масата, што јас останав зад нив и не можев ништо да видам. Веднаш по глетката во куферот една жена почна жалосно да воздивнува и брзо да се одалечува од масата. Тротски се насмеа: „Женски нерви!“ Тоа го потврдија и некои други од присутните. Дзержински и Калонтај со пратката минаа низ толпата и ја поставија на маса до ѕидот. Тогаш дури добив можност да ја видам содржината во куферот. Видов голема стаклена тегла со црвенкаста течност во неа. Во течноста се наоѓаше главата на Царот Николај Втори донесена од уралските планини. Се слушаат разни забелешки. Бухарин и Лацис се чудат како можел Царот толку брзо да побеле. И навистина, косата и брадата му беа целосно бели. Можно е тоа да се случило во моментот при суровата смрт чија жртва беше тој со неговата сопруга и саканите деца.
Тротски побара од присутните да се потпишат на списокот за евиденција. Овој беше втор записник по видувањето. На овој список се потпишаа и Крестински, Полаков, неколку морнари и жени. Потоа Тротски наредува теглата да се донесе кај распламтената печка. За последен пат главата е пред печката. И какво чудо: додека главата од Царот патуваше кон печката, сите глави на присутните сами од себе пред неа се наведнаа. Пламенот ја голтна главата на Царот Николај Втори. Јас повеќе немав сила да го поднесам тој настан; исплашен од бесвестие истрчав надвор. Под поројниот дожд проследен со силни грмотевици јас се вратив во подобра состојба и слободно дишам. На крај би го рекол следното: само небото беше гневно на одвратната свирепост на извршителите од ова гнасно дело!“ На крај би додал дека Руската православна црква дури на 14.8.2000 година го прогласи за светец Царот на Русија Николај
Втори. Со почит, А.А.
Преземено од рускиот весник „Наши вести“ бр.244
1965 год. Њујорк, САД.
Подготвил: Иван ТРПОСКИ, Мелбурн – за Публицитет.мк






