• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 26, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Напливот од пријави во фокусот на денешната јавна седница на ДИК

март 10, 2016
in Тикер
Пријавите за бројни грешки и сомнителни случаи во избирачкиот список денеска од 16 часот ќе бидат во фокусот јавната расправа на Државната изборна комисија (ДИК), која пред една недела официјално ја пушти веб-апликацијата за граѓанска контрола на списокот.
 По пуштањето на апликацијата, каде податоците се проверуваат со име и презиме, адреса или матичен број,  за само 24 часа граѓаните уловијастотици сомнителни, починати и иселени гласачи, насекаде низ Македонија. Најдоа и „пренаселени станови“. Активно во пронаоѓање сомнителни случаи се вкучи и твитер-заедницата , особено откако се обединија преку хаштагот #СеПоСписок.

За една недела, неофицијалните информации говорат дека ДИК добила повеќе од 2.000 пријави за грешки во електронскиот избирачки список. Некаде имаше објави дека се пристигнати и многу повеќе пријави.

Конкретно, најчесто известувањата што ги примиле ДИК се однесувале на лицата што не се државјани на РМ, а се вкучени во избирачкиот список, за лицата што не поседуваат важечки личен документ, потоа за оние што немаат наполнето 18 години, лицата што се на привремена работа или престој во странство, со последно живеалиште на дадена адреса, лица што немаат живеалишта на територијата на земјава, починати лица, на лицата што им е одзедена деловната способност…  

Проблемот е што македонските гласачи кои сакаат да пријават грешка во податоците или „фантоми“ на нивните адреси се влезени во лавиринт, а надлежните институции не знаат да одговорат што понатаму ќе се случува со овие пријави, и кој точно ќе постапува со нив.

Истовремено, од ДИК доаѓаат различни информации – едни велат дека до 17 април, кога е рокот, на увид ќе се стави прочистениот избирачки список, а други велат дека нема да се стигне по овој наплив од пријави на граѓаните. И оваа информација е во зависност од тоа од кого доаѓа брифингот – од членови на ДИК од опозицијата или од власта.

 Последна информација што дојде вчера од ДИК беше дека вкрстувањето на податоците од различни државни институции е при крај, a тоа би значело дека сите рокови ќе бидат испочитувани. Односно, информираа дека вкрстувањето на дата базите од  УЈП, Фонд за здравство, Фонд за пензиско, НБМ, МВР… најверојатно ќе заврши наредната недела, по што би почнала и предвидената теренска проверка на избирачкиот список. 
Извор: www.mkd.mk
Посетеност: 142
Share
Previous Post

Како го избираме партнерот?

Next Post

„Неправда“ Лева патика – песна евергрин

Next Post

„Неправда“ Лева патика - песна евергрин

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 142

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk