ЃОРЃИ – ЃОКО ИЛИЕВСКИ
директор на ОМУ „Методи Патче“
од 1966 до 1968 год.
од 1976 до 1990 год.
ПЕТАР ДИМЕСКИ ЗА ЃОРЃИ ИЛИЕВСКИ
Ѓоко Илиевски за жал не е меѓу живите. Беше добра личност и многу исполнителен и не можам да речам строг. Но, можеби мојот карактер да бидам послушен и исполнителен ме тераше да го доживувам како таков и никогаш не додјовме во конфликт. Беше добар педагог. Не би можел да кажам лош збор за него. Нека почива во мир.
РУБЕНС НАУМОСКИ ЗА НАУМ ГАВРИЛОСКИ И ЃОКО ИЛИЕВСКИ
На чуден начин дојдов во допир со клавирот. Ќе ви раскажам, тоа е добра анегдота вели Наумоски. – Бевме меѓу поретките во градот што имавме пијанино пред сé заради љубовта на мојата најстара сестра Македонка кон музиката. Таа се вработи, зеде кредит и купи пијанино, а приватни часови и држеше Ѓоко Илиевски. Тој период се формираше Музичкото училиште „Методи Патче“ а директорот Наум Гаврилоски се познаваше со татко ми и ме убедуваа да се запишам на Музичко. Им тврдев дека сакам да учам гитара и дека моите идоли свират на гитари, а не на клавири. Наум како искусен и во генот надарен педагог ми вели: – Немај гајле и тие прво учеле клавир,па преминале на гитара. И сите музичари не се музичари ако не знаат да свират клавир. Всушност сé е голема вистина. Така Наум ме привлече во музичкото крај езеро. Подоцна завршв и Средно музичко и Факултет за музичка уметност, ама љубовта кон гитарата остана.
Извор: Монографија „Педесет години ОМУ „Методи Патче’ – Охрид