По повод 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид, Градоначалникот на општина Охрид распишува Награден литературен конкурс за учениците од охридските основни и средни училишта.
Тема на конкурсот : „ Охрид во чест на Свети Климент“
Право на учество имаат сите ученици од основните и средните училишта од подрачјето на општина Охрид.
Се доделуваат две награди, една за најдобра литературна творба за учениците од основните училишта и една за најдобра творба за учениците од средните училишта.
Вредноста на наградата изнесува 3000 денари.
Конкурсот трае од 05.11.2015 година до 30.11.2015 година.
Творбите, во два примерока, под шифра и во затворен плик да се доставуваат на адреса :„Димитар Влахов“ бр.57 или лично во архивата на општина Охрид, со назнака : За Наградниот литературен конкурс за учениците од основните училишта, односно : За Наградниот литературен конкурс за учениците од средните училишта.
Авторството се докажува со третиот примерок и со потврда дека е редовен ученик во едно од основните или средните училишта од подрачјето на општина Охрид.
Наградите ќе бидат врачени на Свечената академија по повод :
8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски (зимен) – Патронот на Охрид.