Денеска е последниот ден од зимата. Утре во 5:30 часот, на северната хемисфера почнува пролетта.
На Земјата и се потребни 365 дена да се заврти околу Сонцето, но бидејќи Земјиниот екватор е под агол од 23,5 степени во однос на рамнината на патеката на движење околу Сонцето, оваа ѕвезда не ги грее двете хемисфери подеднакво. Кога северниот пол е навален кон Сонцето, на северната хемисфера е лето, а кога е навален спротивно, на северната хемисфера е зима.
На првиот ден на пролетта, Сонцето изгрева директно на исток, а заоѓа директно на запад, додека неговите зраци паѓаат под прав агол на екваторот.
Извор: www. enauka.mk






