Патничката Елвира Исајева се спасила од погибија откако задоцнила и го пропуштила кобниот лет на авионот на компанијата „Флај Дубаи“кој леташе на релацијата Дубаи – Ростов и се сруши во Ростов на Дон при обид да слета на аеродоромот, официјално соопштиле од туристичката агенција „Натали турс“преку кои Исајева го купила авионскиот билет.
Според нивното соопштение на Елвира Исајева ( 1982) и е продолжен престојот во Дубаи за четири дена на сметка на компанијата,а тоа испадна дека е среќна околност за неа.
Елвира прославувала роденден со пријателите, доцна се вратила во хотелот и не можела да стигне на летот.
На аеродромот во Ростов на Дон вчера утрото се сруши авион боинг 737 -800 на авио – компанијата „Флај Дубаи“.
Несреќата се случила при многу лоши временски услови . Авионот летал над аеродоромот два и пол часа обидувајќи се да се приземји.
Соопштено е дека во авионот имало 55 патници и седум членови на посадата. Никој не ја прежвеа несреќата.
Публицитет.мк






