Железните порти кај летната сцена Св. Софија барем денски да бидат отворени бараат жителите на „Илиднеска“.
На мирниот протест одржан денеска напладне пред новинарите ги презентираа дописите упатени до митрополитот Тимотеј и поглаварот на МПЦ – г.г. Стефан од кого и по два месеци немаат одговор.Со проблемот е запознаен и градоначалникот Никола Бакрачески, како и директорката на Завод и Музеј Тања Паскали – Бунташеска.
Тие изразуваат незадоволство од одлуката Дебраско – кичевската епархија која во летото 2014 изгради камена ограда околу црквата и дополнително постави метални порти од кои две се токму на потегот од улицата која на тој начин функционирала над два века, а сега одеднаш стана непроодна.
-Не разделија од роднините, а ни ја скратија безбедната комуникација со единствената продавница во наша близина, наместо да минуваме до неа за само 100 метри сега мораме да одиме околу црквата во небезбедниот простор,кој функционира како еднонасочна улица, вели во разговорот за „Публицитет.мк“ д-р Драги Стефанија.
-И во писмата и еве јавно сега бараме од господин Тимотеј да дозволи двете врати да се отворени барем преку ден од утро некаде до 19 часот. Свесни сме дека овој простор и ограден и не ограден дека е собиралиште на пијаници, наркомани и љубовџии кои сега уште полесно го прават тоа и дење, ја прескокнуваат оградата пијат, се дрогираат и се љубат,а до црква нели тоа е и непристојно. И згора на тоа редица туристи се мачат да ја фотографираат најубавата фасада во македонија , оваа од западната страна на Света Софија, додава д-р Стефанија.
Со клик на линкот слушнете го целото интервју со д-р Драги Стефанија.
„Публицитет.мк“ денеска го контактираше и владиката – господин Тимотеј кој тврди дека двете порти се отворени во текот на денот, во времето додека има луѓе во црквата Света Софија и дека потоа нормално ја затвораат за да го заштитата својот имот.
Господин Тимотеј ни рече: – Да прашам кој дозволува постојано да минувате низ негова територијата низ негово место. Тие граѓани што сега се бунат или дел од нив претходно бараа да се стави ред и да се исчисти местото од наркоманите и пијаниците и лицата што блудничат во нивна близина.
Жителите од улицата „Илинденска“ тврдат дека поседуваат документи во кои пишува дека просторот кој сега е заграден а кој се смета како дел од улицата е јавна површина, а владиката Тимотеј за нашиот портал потврди дека тој е во владение на црквата.
Проблемот со затворената улица го чувствуваат и угостителите од пет објекти кои се поврзани со овој простор и Канео кои се жалат на намалена фреквенција на луѓе.
-Немаме ништо против црквата да си го заштити имотот, но нека го отвори патот кој постоел со векви, додаваат тие.
Милчо Јованоски, Публицитет.мк