Оваа песна денес е евергрин. Изведена е за прв пат на Деновите на Југословенската музика – фестивалот во Опатија 1984 г.
Песната „Само сеќавања е дело на композиторот Кире Костов, негов е и аранжманот,а текстот е на покојниот , некогаш популарен автор на текстови и уште повеќе од тоа мега популарен водител на познатите ТРИ ГОНГА на Радио Скопје Ѓоко Георгиев.
Во времето кога Маја ја изведува оваа композиција таа е во врвот на тогашната ЈУ естрада. При секое појавување на фестивалите освојува награди пред се’ за интерпретација. Од оригиналната ТВ снимка на која се гледа дека на фестивалот во Опатија се свирело и пеело исклучиво во живо фасцинира леснотијата со која Маја ја изведува оваа тешка песна која бара многу напор и од музичарите уште повеќе од изведувачот. Опатискиот фестивал се одржуваше речиси цела недела а подготовките и пробите траеле уште подолго. Композицијата САМО СЕЌАВАЊА Маја ја снимила во старото студио на тогашна РТС во Нерези а тапаните во неа ги изведувал познатиот Гарабет Тавитијан . Тие и денес после 32 години звучат свежо, впрочем како и целиот аранжман. Во мигот кога започнале пробите, ова е нешто што тогаш долго се зброуваше во кулоарите организаторите не можеле да најдат соодветен музичар во фестивалскиот оркестар кој приближно ќе ги изведе тапаните, па морале по итно од Скопје да го повикаат Гаро.
„Само сеќавања“ е една од најпознатите и најдобрите отпеани песни на македонски на секогаш одличната Маја Оџаклиевска.
Слушајте ја и уживајте – потсетете се на некоја Ваша љубов!
САМО СЕЌАВАЊА
Последни страници од мал роман
последен сончев зрак на мојот длан
пролетта ми ја земаш и оставаш есен
и празен студен ден.
Нема да кренеш знам ни телефон
вратата нема е без твојот ѕвон
можеби писмо едно, можеби дел
и тоа ќе е се
А ТОЛКУ ДНИ
А ТОЛКУ ДНИ
ЌЕ ОСТАНАТ ВО СПОМЕНИ
КО ЛЕБЕДИ НЕЗДОМЕНИ
И САМО ТРАГИ ОД ДЕНОЈ ДРАГИ…
САМО СЕКАВАНЈА
Можеби некогаш на тротоар
очи ќе сретнам твој со познат жар
само знам ќе сме други, далечни, туѓи
туѓи непознати….
А ТОЛКУ ДНИ…..