Вчеравечер ансамблот „Билјана“ го одржа традиционалниот годишен концерт.
Во пријатен амбинет и пред многу публика младите музичари изведоа песни кои ќе се најдат на нивното второ ЦД .
Оние кои го следат нивниот развој од пред шест години со право велат дека „Билјана“ полека но сигурно станува реперезент на охридската староградска песна.

„Билјана“ и во живо звучи прекрасно. Благодарение на честитре заендички настапи и пробите под менторство на Ташко Лаброски – Шуле.
И овој концерт не помина без споменувањето на идејниот творец на новата „Билјана“ – покојниот Кузман Поп Стефанија.



Судејќи по аплаузите Јован Поп-Стефанија (хармоника), Андреј Лаброски (контра бас), Христијан Томевски (гитара) и Ангел Трајковски (виолина) се миленици на публиката.

Во име на локалната самоуправа која го помогна одржувањето на концертот и снимањето на ЦД пред присутните се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев.
Публицитет.мк






