Охридската гимназија „Св.Климент Охридски годинава од 23 до 27 ноември за прв пат учествуваше – се вклучи во Меѓународниот натпревар по информатика „ Дабар 2015 “.
Под менторство на проф. Жаклина Лазаревска и проф. Марија Попоска во натпреварот учествуваа 226 ученици (117 машки и 109 женски) од прва , втора , трета и четврта година од ОСУ „ Св. Климент Охридски “ – Охрид.
Каков натпревар е Дабар? Какви задачи имаше на истиот?
Дабар е меѓународен предизвик (еден вид натпревар), наменет за ученици од основните и средните училишта (почнувајќи од 3-то одделение), кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки.
Инаку, како идеја, Дабар има добиено повеќе награди на европски и светски конференции. Последната од нив е добиена на Европскиот самит за компјутерски науки, каде Дабар ја доби наградата “Informatics Europe Best Practices in Education“.
Сите учесници (ментори, ученици и поддржувачи) деновиве ќе добијат сертификати, по е-маил, по завршување на натпреварот. На веб-сајтот на Дабар 2015, ќе биде објавена и листа на најдобрите училишта (според бројот на учесници), како благодарност за нивната поддршка за промовирањето на натпреварот и науката.
Дабар е интернационален предизвик чија цел е промовирање на информатиката помеѓу наставниците и учениците. Задачите кои им се даваат на учениците се создадени со цел да ги мотивираат истите да размислуваат за принципите, идеите и концептите поврзани со информатиката и технологијата. Самите задачи (кои се во форма на задачи со заокружување, или интерактивни предизвици) можат да се решат без претходни теоретски познавања од информатиката, но се секако поврзани со концепти од информатиката.
Се разбира, зависно од возраста – имаше и полесни и потешки задачи.
Публицитет.мк