• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Здружението на глуви и наглуви од Охрид бара услови за нивна поголема безбедност во сообраќајот

декември 1, 2015
in Uncategorized

Изградба на велосипедска патека, тротоар, обележување на пешачки премин и осветлување на улицата „Гоце Делчев“ од населбата „Даљјан“ кај Центарот за возила-Охрид до хотелот „Даљјан“, побараа членовите на Здружението на глуви и наглуви лица на град Охрид, на денешната средба со претставниците на  Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Тие  нагласија дека на овој потег често се движат пеш и со велосипеди одејќи на работното место и дека возачите на автомобили  пребрзо се движат по коловозот со што и нивната безбедност како глуви и наглуви лица е доведена во опасност. Од Здружението нагласија дека е потребно и  чистење на вегетацијата на овој потег.

Членовите на Здружението побараа од останатите возачи на патнички моторни возила доследно почитување на паркинг местата во градот што се посебно обележани за лицата со посебни потреби и нагласија дека официјалните членски картички што ги имаат само лицата со инвалидитет ги оставаат напред на видно место во возилото.

gluvi

Како што беше речено на денешната работна средба, потребна е звучна сигнализација на сите крстосници каде се регулира движењето на пешаците. Воедно беше констатирана потребата од соодветни лепенки кои би се поставиле на видно место на патничките моторни возила управувани од лицата со одредена инвалидност.

Членовите на Здружението изразија благодарност до Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на град Охрид, за иницијативата да се одржи работната средба, што воопшто е прва од ваков вид.

-Средбата значи оддавање должно внимание на глувите и наглуви лица како посебна и ранлива категорија учесници во сообраќајот и е поврзана со заложбите на Општинскиот совет за подигнување на степенот на безбедност на сите учесници во сообраќајот, подигнување на јавната свест за потребите од повнимателно, поактивно, правилно ипоодговорно учество во сообраќајот, нагласи претседателот на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид Стефан Димоски.

clenovi

Сакавме да ги слушнеме  проблемите со кој тие се соочуваат во сообраќајот но и забелешките, мислењата, ставовите и потребите на Здружението на глуви и наглуви лица насочени кон подобрување на нивната улога и безбедно учествово сообраќајот.

Денешната средба значи продолжување на напорите на Општинскиот совет како општествено одговорен субјект, за унапредување на безбедноста на сообраќајот во Охрид, заштита на сите учесници во сообраќајот на патиштата и подигнување на степенот на безбедносната сообраќајна култура, изјави претседателот Димоски.

Публицитет.мк 

Посетеност: 158
Share
Previous Post

ОСУ „Св.Климент Охридски“ првпат дел од меѓународниот натпревар по информатика „ Дабар 2015 “

Next Post

Пред „Денот на дрвото“ нови садници на кејот во Охрид

Next Post

Пред „Денот на дрвото“ нови садници на кејот во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 158

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk