• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, јуни 28, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Мимоза Кузманова Танушевска: Да ја сочуваме љубовта!

јануари 8, 2018
in На минување
Мимоза Кузманова Танушевска: Да ја сочуваме љубовта!

Кога помислувам на Нова година, ми се јавуваат помешани чувства, нешто како рекапитулација на тоа што се случило ,што требало -а не било,било-а не требало…

Веќе старата 2017 година  во секој поглед беше доста турбулентна година ,но бидејќи семејството ми е секогаш на прво место,успесите на ќерките и 50. роденден на сопругот и патувањето низ бившите ЈУ простори како роденденски подарок ми ја одбележаа оваа година.

Во Новата година очекувам пред се’ здравје и радости за секој еден човек,приближување на нашата земја кон ЕУ и НАТО,семеен мир и хармонија во домот. Силно посакувам да се врати сјајот на конзулска Битола, градот во кој се родив, пораснав и живеам.

Да ми се живи и здрави сите мои мили, да сме сите на број и заедно да се радуваме на секој нов ден.

Впрочем тоа што за себеси го посакувам им го посакувам на сите. Секако вербата дека се уште има луѓе кои се тоа во вистинска смисла на зборот,се она што ме тера да одам напред во остварување на целите на професионален  план и секако желбата да се помогне како хуманист по убедување.

Мили мои охриѓани нека Ви е среќна Новата 2018,уживајте во убавините што ги имате!!!

Мојот музички поздрав до сите вас е во изведба на вонвременскиот и единствен Оливер Драгојевиќ. Тоа е песна за сите времиња,песна која мене ми буди спомени од младоста и студентските денови,но и сега слушајте ја, следете го текстот и релаксирајте се.

-Верувај во љубов,во добро и зло,позитивна песна со силна порака….да ја сочуваме љубовта!

 

 

 

Мимоза Кузманова-Танушевска ,дипл.правник,вработена во Македонска пошта – Битола. По дедо од мајка ми – Климент Спростран охриѓанка,варошанка, ха ха ха!

 

Публицитет.мк

Посетеност: 72
Share
Previous Post

Кога животот ќе ти создаде илјада причини за плачење, покажи му дека имаш илјада причини за насмевка – Меша Селимовиќ

Next Post

„Луѓе“ расказ од писателот и поет Видое Видически во чест на неговиот 87 роденден

Next Post
„Луѓе“ расказ од писателот и поет Видое Видически во чест на неговиот 87 роденден

„Луѓе“ расказ од писателот и поет Видое Видически во чест на неговиот 87 роденден

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 72

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk