• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, октомври 14, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот, мојот свет“: д-р Димитар Пандев

февруари 5, 2016
in Мојот живот, мојот свет

Ова издание на емисијата „Мојот живот, мојот свет“ е посветено на проф. д-р Димитар Пандев и неговата научна дејност сврзана со славистиката, македонистиката и посебно со Прличев и сите останати охридски културни дејци.

 

 

Кликнете и слушнете го аудио интервјуто со д-р Димитар Пандев

Токму на годишнината од смртта на големиот македонски преродбеник од 19 век Григор Прличев се одлучивме премиерно – првпат јавно да го емитуваме 45 минутното интервју со д-р Пандев кое беше снимено наменски како дел од проектот „Роднокрајни критичари“ во 2012 година кое потписникот на овие редови го работеше за НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

Интервјуто всушност е огледало на научниот свет на д-р Пандев и воопшто на сите позначајни настани од животот. Тој отворено зборува за себе за опсесијата наречена славистика, за љубовта кон сите словенски јазици кои ги говори и знае (и вели дека тие за него се словенско есперанто) и за времето минато во предавалните на Филолошкиот факултет во Скопје како студент и потоа како асистент и подоцна професор.

02 Dimitar Pandev 01

Димитар Пандев со многу енергија и емоции зборува за сопственото пробивање во светот на науката за луѓето кои му помогнале и му ги отвориле видиците на тој пат. Листата на оние кои се дел од неговиот професионален живот е долга, но неизбежни се неговите дружби со Блаже Конески и Гане Тодоровски, како и со сите останати негови колеги преку кои и како професори и подоцна колеги Пандев успева да влезе во светот на оние кои макотрпно и со многу љубов од научен аспект го чуваат и збогатуваат нашиот мајчин-македонски јазик.

02 Dimitar Pandev 04

Во интервјуто д-р Пандев зборува за своите родители , детството минато во Охрид , крај хотелот Палас, ги споменува неговите другари од охридската современа книжевна школа со кои во 70 -те од минатиот век внесоа нов – свеж ветар во македонската литература и критика , а не го заборава и нему омилениот автор – Зоран Ковачески, за кого вели: – Тој ги опишуваше ликовите, а јас растев и живеев со неговите ликови , седев на иста маса, се дружев. Ковачески никогаш не го направил тоа , но ги опишал . Тоа е литературата да опишеш ликови што ти доаѓаат во пресрет.

komisijata 

Пандев со жирито за избор на најдобра поема на македонски, внуката на Прличев Олга  и уметникот Упевче на 5 февруари, 2016 во Охрид

Пандев не ја заборава неговата вечна инспирација Прличев, и речиси секоја година каде и да е , доаѓа во Охрид му се поклонува и чествува, учествувајќи во настаните сврзани со него. Од Прличев не можам да се одделам , ми рече во една пригода д-р Пандев, речиси секој ден комуницирам со него преку неговото дело кое и денес се чини е ненадминато и трајно, преполно со пораки кои и денес важат за мојот Охрид, кој за мене е само литературна тема во која можат да се опфатат сите стилски фигури.

semejna

Димитар со сопругата Лилјана и ќерката Марија 

Во интервјуто тој ни призна дека не е типичен охриѓанец .  – Во основа типичните охриѓани се интересна литературна форма. Јас можеби повеќе се чувствувам како граѓанин на славистиката на која сесрдно сум и се посветил, ни рече Пандев.  

 

paqndev so soprugata 1

Интервјуто е патување низ времето од Климента до денес, дури и насочено кон иднината и универзалните вредности на животот каде било на планетата Земја.

vizita nova

Прличева визита 2016 г. 

Димитар Пандев е роден на 17 мај 1958 година во Охрид. Основно и средно образование завршил во родниот град ,а Филолошки факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј “ во Скопје. Магистрирал на тема: „Тиквешкиот зборник – лингвистичка анализа “, а докторирал со „Лесновскиот паренезис“.

Кариерата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески “  ја започнал како асистент,а подоцна станува професор. Доктор Пандев во мигов предава и на Универзитетот „Св. Климент Охридски “ во Битола.

Пандев се занимава со литературна критика и есеистика , со преведување на средновековни романи и раскази , сам и во соработка со други автори,а се јавува и како приредувач на книги и рецензент. Учесник е на многу научни собири, симпозиуми и научни дискусии во и надвор од Македонија.

 Добитник е на наградите „Гоце Делчев“ , „Стале Попов“, како и наградата на Град Скопје  „13 Ноември “.

Во времето по интервјуто д-р Пандев ги објави книгите: „Препочитани предизвици“ , „Приказни од порано“и „Меѓу црквата и чаршијата“  

 

so negovite prvo uciteli Пандев со неговите прво учители во Охрид 

 

Охридското во Прличевите текстови

Со поимот охридско ги опфаќаме особеностите на менталитетот на Охриѓани кои наоѓаат одраз во охридскиот социолект, како резултат на определени сфаќања и погледи на светот и стварноста. Предмет на наш интерес, значи, е врската меѓу јазикот и културата меѓу Охриѓани, врз основа на анализа на Прличевите текстови.

Со поимот Прличеви текстови не ги имаме предвид само текстовите што ги напишал Прличев туку и идеите на текстовите што ги вклопил во своите дела, како и текстовите што ги сакал, а не биле негови, но биле составен дел од неговиот спознаен видокруг. Се разбира, во согласност со нашава тема, станува збор за текстови во кои доаѓа до израз охридскиот менталитет и кои како јазични гестови се вклучени во регистарот социолингвистички особености на охридскиот говор. (Притоа, имаме предвид дека Пличев бил, како што вели Цепенков следејќи ја лингвокултурната линија на македонските раскажувачи “шетан човек”, па во неговото грандиозно дело се наоѓаат и лингвокултурни особености од други јазици и народи).

Од широкиот избор издвоени охридски особености, во ова излагање се одлучивме само за еден интертекст во Автобиографијата на Прличев, како и за една од омилените песни на Прличев „Вишничица род родила“. Врз нивна основа упатуваме на  карактеристичните изрази  од охридскиот говор: желки да пасиш со варијанта желки  да те пасат и на зборовниот состав просто стоит, во кој глаголот се менува во зависност од општественојазичната ситуација (да му стојш просто, му стојт просто итн.).

Првите изрази го идентификуваме од “Автобиографијата”, а зборовниот состав “од најљубимата песна на Прличев”  односот И .

При анализата на интертекстот, тргнавме од нашето лично,  охридско спознавање на стварноста и од нашиот лично прифатен македонски контекст на литературата како предизвик и ангажман.

Интертекстот за кој ќе говориме, всушност, е една од првите приказни  што во театарска верзија ја запомнил Прличев и како таква ја внел и ја интерпретирал во структурата на својот автобиографски текст.

Притоа, Прличев најпрво  ја дава сопствената интерпретација на приказната која е противтежа на неговата игра со светлината, и ја формулира во чисто рационалистички, по форма, и позитивистички по содржина, заклучок: Љубљашти убиваше љубимаго, а потоа ја илустрира приказната преку претставување на дијалогот меѓу дедо му и самиот тој, значи, малиот Прличев:

– Немој синко! Оти на сон ќе те вјахне желка и ке те дави.

– Легни синко при мене и гушни ме, желката ке дојде.

-Чему ми е живот, кога имало е желки мачителки. Еда ли малку са другите ни маки.

Театарската претстава во домашни услови е уште посвирепа. Имено, дедо му го покрива со покривалото, а мајка му “по прежнему с деда условију налагаше раката си у на главата ми, ту на нозете ми, ту на плештите ми. Аз мислех че то е желката и бех в неописуема душевна тага”.

Песната, пак, за која ќе говориме, всушност, е една од песните, според зборовите на неговите најблиски, синот Кирил и особено ќерката Деспина, што Прличев најмногу ја сакал, и според наша реконструкција, веројатно, си ги исполнувал старечките дни. Овие податоци нам ни се познати преку статијата од Харалампие Поленаковиќ “За песната што многу ја сакал Григор Прличев”. Според Поленаковиќ, верзијата на оваа песна што ја чул од ќерката на поетот сведочи за изумирањето на народната поезија.

Песната во интерпретација на старата Деспина од 1953 година гласела:

Вишничица род родила –

Вишил е господ.

Под неа е млад господин

Сосе госпожа.

Млад господин вино пиет

И се веселит…

Кога ќе се сирак-јунак,

Сирак оженит?

Едно дрво крај Дунафа,

Друго крај море,  –

Кога ќе се двете ,дрва

Двете составјат,

Тогај ќе се сирак-јунак,

Сирак оженит.

Изразот “просто стоит” го нема во оваа варијанта, но затоа, според Поленаковиќ, го имало во претходните варијанти, од времето на Прличев:  млад господин со сфе госпоѓа седит  – просто стоит сирак-јунак.

Иако на прв поглед меѓу двата текста не постои никаква врска, сепак сметаме дека станува збор за една иста трансформација на народните текстови која настанува во премин од една општествена формација од друга.

Разговараше: Милчо Јованоски 

Публицитет.мк 

 

Посетеност: 223
Share
Previous Post

Глигор Стојковски овенчан со наградата „Григор Прличев“

Next Post

Од учениците во ОУ „Григор Прличев“ свечена приредба во чест на Прличев

Next Post

Од учениците во ОУ „Григор Прличев“ свечена приредба во чест на Прличев

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 223

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk