Учениците и вработениете во ОУ „Григор Прличев“ чествувањето на патронот синоќа го заокружија со свечена приредба.
Сите заедно на сцената и во преполнетата сала на Центарот за култура уживаа во прекрасните изведби,а трудот им беше награден со долги аплаузи.
Сите точки заслужуваат внимание и пофалба, но Публицитет.мк во чест на патронот ексклузивно ви ја предава аудио снимката од синоќа изведената нова композиција ПЕСНА ЗА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ од страна на учениците од Четврто – 4 одделение под менторство на наставничката Елизабета Билбилоска.
Текстот е на познатиот охридски поет и писател Смиле Наумоски – Брсјак, а музиката и аранжманот се на Јовица Караливески.
Со клик на линкот подолу , слушнете ја песната за Прличев.
Публицитет.мк