• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 28, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Мозокот преку сонување ни предочува нерешени проблеми и нагони

септември 6, 2015
in Uncategorized

Сите ние сме сведоци дека на сон, често ни се случуваат бизарни работи кои се граничат со невозможно. Дека на сон чувствуваме како паѓаме, како бегаме и слично, е само дел од РЕМ фазата во која мисловниот процес доживува фаза на парадокс. Но, на сон може да ни се случат и некои други работи, како на пример, да се разбудиме комплетно парализирани, да имаме секс во сон па и да месечариме, пишува Men’s Health.

Еве кои се седумтте бизарни појави кои ни се случуваат кога сонуваме.

1. Се чувствувате како да паѓате

Веројатно сте доживеале дека сонувате дека сте се сопнале или паднале од велосипед, па се будите во шок. Се работи за т.н. хипнотички стрес. Вашето тело е парализирано додека сонувате, но понекогаш почнувате да сонувате пред да ви се изгаси телото. Др. В. Кристофер Винтер објаснува дека тоа почесто се случува кога сте многу уморни или ненаспиени, па вашиот мозок влегува во сон пред вашето тело.

2. Парализа

Понекогаш се будите рано наутро и не можете да мрднете ниту еден мускул ниту да зборувате. Ова може да трае од неколку секунди до неколку минути и може да биде многу застрашувачки. Се работи за настан спротивен од чувството на паѓање, мозокот ви се буди пред телото.

3. Месечарење

Месечарењето, т.е. одењето во сон, може да биде опасно бидејќи несвесно може да завршите на улица или зад волан во автомобил.

– Кај месечарењето се будите само толку колку што му е потребно на вашето тело да се движи, или недоволно мозокот да ви биде буден – објаснува др. Винтер.

За некои бизарни случаи на месечарење се поврзува лекот за спиење Амбиен кој може вашиот мозок да го држи во несвесна состојба иако сте будни.

4. Зборување во сон

Ова трае во просек 30 секунди, а често се случува во текот на првите два часа од сонот, кога вашето тело влегува во длабок сон, а мускулите се уште можат да произведуваат звуци или движења.

5. Сонови кои се повторуваат

Др. Винтер објаснува дека соновите кои се повторуваат можат да се случат кога вашиот мозок се обидува да реши нерешени психолошки проблеми. Често делумно темелени на стварноста, како некои трауматски настани.

6. Секс во тек на спиење

Едно истражување во кое учествувале над 800 пациенти од центарот за нарушување во спиењето, покажало дека осум отсто од нив доживеале сексомнија, т.е. дека почнале секс со партнерот во сон. Тоа е слично на месечарење. Сте се разбудиле доволно да можете да се помрднувате, но вашиот мозок се уште не е целосно буден.

7. Синдром на експлозија на главата

На некои луѓе им се случува наеднаш да се разбудат откако слушнале многу силен прасок како експлозија или дури чувство дека главата им експлодира. Всушност се работи за уште еден вид на хипнотички стрес или мрдање, кога вашето тело се уште не е парализирано, а чувствата се уште ви се вклучени.

Извор: kumanovskimuabeti.mk

Посетеност: 135
Share
Previous Post

12 годишно девојче има повисока интелегенција и од Анштајн

Next Post

Драматични предупредувања за Македонија – вода се‘ помалку

Next Post

Драматични предупредувања за Македонија - вода се‘ помалку

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 135

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk