Вчера во Скопје се одржа 50-то Државно првенство во Ката во организација на МТКФ ( Македонската традиционална карате федерација).
Карате доџо “Самурај” од Охрид зеде учество со 5 натпреварувачи, од кои до медал стигна само Нина Ангелоска ( 3 место, категорија:постари кадети) .
-Во иднина не очекува уште и Државното првенство во кумите(борби) каде што се надевавме дека ќе го повториме ланскиот успех, кога во неколку категории освоивме вицешампионски места, вели основачот и тренер на клубот Ѓоко Томовски.
На превенството учествуваа 23 клубови од Македонија со вкупно 168 учесници.
Публицитет.мк