Дојде време за нова средба и луда забава!
Традиционално 6-ти пат по ред македонскиот авто клуб посветен на германскиот бренд BMW ќе го одржи нивниот собир, овој пат на нова поатрактивна дестинација, со присуство на специјални гости од странство и секако собир на кој на едно место ќе бидат присутни околу 300 модели на BMW – па може да претпоставиме само колку луда забава ќе ни приредат организаторите.
Па затоа ги покануваме сите сопственици и љубители на овој бренд, на 19-ти јуни од 11-16 часот во Дојран кај хотел Гранит да присуствуваат на 6-тиот собир на BMW Club Macedonia. Се гледаме таму…
Извор:ww.rpm.mk






