По повод Светскиот ден на поезијата 21 март денеска во Terazza Aquarius во Охрид се организираше настанот “Напиши стих – купи кафе”
„Одлучивме да ги натераме граѓаните на Охрид да бидат креативни и да им се приклучиме на ваквите настани и да го одбележиме Светскиот ден на поезијата. Многу сум среќна што дојдоа студентите и повозрасни граѓани“, рече Дамјана Видическа една од организаторите на настанот која и сама пишува и го живее животот на млад автор.
Според Алберта Гулицоска која беше дел од организацијата Охрид треба да биде едно културно жариште културно бидејќи ги поседува сите атрибути. Магнет е не само за туристи туку и за уметници од различни профили писатели, музичари, сликари, уметници од различен дијапазон.
Со присутните во Аквариус денеска дружеше една од најчитаните македонски авторки Винка Саздова. Таа вели дека книгата се’ уште претставува една универзална вредност и начин на комуникација со внатрешното на човекот кое никогаш нема да изумре.
„Честитки за Аквариус, Дамјана, организаторите…навистина е многу убаво, атмосферата е пријатна, младите се нурнуваат во себе почнуваат да вадат нешто.
Многу е убаво сите ние да се потсетиме дека надвор од секојдневието кое често пати знае да биде банално и сурово како што видовме деновиве што се случи во Охрид, постои убавина а таа убавина може да се изрази само преку поезијата. Поезијата е кристалот што се вади од школката од себе си.
Во „Аквариус“ денеска беа и членовите на Литературниот клуб при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, ученици од Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ професори по македонски јазик и литература, поети и музичари.
Тука беа и студентите од Факултетот за странски јазици – ФОН Струга од прва, втора и трета година, и покрај заедничкото дружење и прославување на патрониот празник на ФОН, имаа шанса креативно да се изразат, да напишат по неколку стиха и со тоа да го купат нивното омилено кафе.
“Супер идеја и прекрасен начин којшто не само што ги поттикнува студентите да бидат креативни, туку и им овозможува да се дружат надвор од предавалните”.- беше коментарот на една од студентките.
Најдобрите песни, напишани на македонски, а и англиски јазик, ќе бидат наградени, а добитниците ќе бидат објавени на Фејзбук страната на Terazza Aquarius и на порталот publicitet.mk.
Меѓу спонзорите се: Идавачката куќа „Три“ од Скопје, Печатницата АБВ дизајн од Охрид, АЛПОЈО – Охрид.
На најдобрите ќе им бидат подарени и книги од писателката Винка Саздова, новинарот и публицист Милчо Јованоски и академик Миле Миќуновиќ.
На Публицитет.мк утревечер ќе бидат објавени имињата на наградените а дел по дел ќе бидат објавени и сите трудови на гостите во „Аквариус“ кои денеска напишаа стих, купија кафе и најважно од се’ се дружеа меѓу себе.
И по се’ очигледно ваквите настани сложни се сите му недостигаат на Охрид – време е креативноста да ја победи инертноста и апатијата кога се во прашање културата и уметноста кои за Охрид биле и треба да се знак за препознавање во светот.
Публицитет.мк