• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 26, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Македонски-Незаборавни

„Неправда“ Лева патика – песна евергрин

март 10, 2016
in Македонски-Незаборавни

Песната „Неправда“, денес веќе антологиска, еден од најдолговечните хитови во домашната музика, кога првпат се појавила била „жртва“ на цензура“, ни открива нејзиниот автор Гранит Таки, пејач и водач на познатите рок-групи „Пу“ и „Лева патика“.

Цели две недели во 1977 година таа била симната од Радио Скопје поради, наводно, тенденциозниот текст. Членовите на „Пу“ биле обвинети дека шират антикомунистички пораки и оти ги форсираат капиталистичките вредности со стиховите „Неправда, па тоа е неправда, имаш ти, немам јас…“ и „Сакам ‘БМВ алпина’, а немам ни за ‘дрина’“, што не било во контекст на тогашната уравниловка.

– Ми се јавија да ми кажат дека песната ни е тргната од програмата, но токму со овој потег тие од „Неправда“ направија евергрин, вонвременски хит, кој им одолеа на годините. Композиторот Љубомир Бранѓолица, кој ми беше како втор татко, ги убеди луѓето во Радио Скопје дека сите сме добри, пристојни момчиња и набрзо ја вратија песната во етерот. „Неправда“ беше симната од тогашниот уредник на „Три гонга“ Ѓоко Георгиев, но верувам дека некој друг му наредил да го стори тоа. Мојот татко Халид Таки тогаш беше во врвот на сојузната власт и не се уплашив од никакви последици, а немаше ни зошто. Јас сум автор на овој текст и песната ја напишав споменувајќи луѓе и настани што ми беа блиски. Еден мој другар сонуваше за ‘БМВ алпина’, друг беше заљубен во Кети Лешкова, тоа беше нашата тогашна градска шема – се сеќава Гранит.

Извор: www.novamakedonija.mk 

Посетеност: 209
Share
Previous Post

Напливот од пријави во фокусот на денешната јавна седница на ДИК

Next Post

Во сабота трибина на тема: „Аутизмот и неговите предизвици во нашето општество“

Next Post

Во сабота трибина на тема: „Аутизмот и неговите предизвици во нашето општество“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 209

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk