Најновите податоци покажуваат раст на океаните за еден метар во следните 100-200 години, што ќе доведе до големи климатски, но и популациски промени, велат од НАСА.
Научниците предупредуваат дека глечерите на Гренладн и Антарктикот се топат со најбрзо темпо до сега, а океаните се загреваат и шират многу побрзо во последниве години. Од НАСА објаснуваат дека подигањето на морското ниво ќе има големи последици по населението кое живее на крајбрежните делови, посебно во Азија, каде што водата на некои места ќе навлезе длабоко во копното. Ниските држави како што се Флорида во САД, би можеле и да исчезнат, како и некои милионски градови, Сингапур, Токио. Исто така и некои народи на пацифичките острови би можеле да исчезнат.
На меѓународните самити за климатските промени, објавено е дека нивото на светското море би можело да порасне од 30 сантиметри до еден метар, до крајот на векот.
Од 1992 година океаните се подигнале за 7,6 сантиметри, додека на некои мета дури и за 23 сантиметри, поради природните варијации.
Научниците се посебно загрижени за ледениот покривач на Гренланд, од кој секоја година околу 303 гигатони лед исчезнуваат во последниве десет години.
Извое:www.1mk