Неодамна, нашиот Боби Мојсовски беше гостин на ревијалниот концерт на Славјански Базар во Белорусија на кој пред 4 години го освои второто Гран-при за Република Македонија, 12 години после Тоше Проески.
Овој пат, Боби настапи на истата сцена со Руслана – победничката на Евросонг 2004, Јелена Томашевиќ и легендарниот Мајкл Болтон.
,, Преубавите сеќавања кои ми се враќаат кога стапнувам на сцената на толку голем фестивал кој го финансираат три држави – Русија, Белорусија и Украина е неопислив. Навистина ми е мило што постојано добивам поддршка преку социјалните мрежи од сите мои фанови кои го поддржуваат моето дело и труд. Најмногу ми се полни срцето кога го гледам македонското знаме како се виори на големиот екран на сцената позади мене“ вели Боби.
Публицитет.мк






