Skoda ја претстави новата затегната верзија на Octavia, но и го најави новиот мини теренец кој ќе му конкурира на Nissan Juke…
Со позајмувањето на дизајнот од неговиот поголем брат теренецот Kodiaq, Octavia го доби новото затегнување, а со тоа и надоградување на ентериерот и инфо-забавниот систем. Всушност ова значи дека Octavia и понатаму ќе продолжи да ја користи истата платформа, димензиите остануваат непроменети, а понудата за мотори ќе се зголеми со само една нова верзија.
Станува збор за трицилиндричен 1,0 литарски турбо бензински мотор кој ќе произведува 114 коњски сили, додека 1,4; 1,6 и 2,0 литарските мотори остануваат непроменети. Но најголемо внимание како што кажавме е посветено на дизајнот и тоа фокусот е поставен на предниот дел каде што воочливи се разделените фарови кои се препознатливи како и кај Kodiaq, исто така приметлив е и новиот браник кој сега е за нијанса понизок од неговиот предходник со што оддава малку поспортски изглед, но и незначително ги подобрува перформансите..
Во поглед на ентериерот, Skoda и тука фокусот го има поставено на конкретен дел, овој пат тоа е новиот екран кој е зголемен до 9,2 инчи, а е надограден со новиот инфо забавен систем (позајмен од Kodiaq) кој нуди wireless хотспот, виртуелен кокпит, а и се збогатени неговите можности за контролирање на системите со кои е опремена Octavia..
Покрај Octavia, Skoda најави дека наредната година кога ќе се појави и оваа нова освежена верзија на Octavia ќе претстават и мини теренец кој ќе ја потполни празнината помеѓу Kodiaq и новото Yeti, всушност овој нов мини теренец е замислен да биде ривал на Nissan Juke..
Извор: www.rpm.mk