Дело на фламанскиот бароктен сликар Петер Паул Рубенс е официјално идентификувано во Хаг, објавија светските медиуми.
Како што пренесе порталот Фокус на Белгија, стручни лица со инфрацрвени зраци, неодамна ја идинтификувале сликата „Световна власт при поклонување“, стара околу 400 години.
Засега е познато дека фламанскиот уметник создал 17 маслени слики, а новоидентификуваната би била осумнаесетта по ред направена во маслена техника.
На сликата се претставени четири истакнати личности во Европа од почетокот на 17-от век, царот Фердинант Втори(1578-1637) кој клечи пред Христос, а зад него се шпанскиот крал Филип Четврти (1605-1665), неговата сопруга Изабела Бурбонска (1603-1644) насликана во монашка облека, како и владетелката на Холандија ИзабелаКлара Еугенија (1566-1633).
Рубенс (1577-1640) сликал разни теми, од религија, класична митологија, историја, портрети, до илустрации за книги и дизајн на таписерии. Се проценува дека овој исклучително плоден направил околу 3 илјади слики.
Публицитет.мк