• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Охридски хорски фестивал

август 26, 2015
in Култура

Охридскиот хорски фестивал е манифестација која оваа година, традиционално, ќе се одржи во Охрид по осми пат во организација на Охридскиот хор.

Почетокот на фестивалот е закажан на 27.08.2015 (четврток), а ќе трае до 31.08.2015 (понеделник). На фестивалот се пријавени да учествуваат 22 хорови од 11 европски земји.

Фестивалот има ревијален дел и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку категории. Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачките концерти, концертите на духовна музика, поп и фолк концертите.

Жири комисијата ја сочинуваат реномирани лица од музичкиот свет и тоа: Магдалена Липска (Полска), Аљоша Новаковиќ (Босна и Херцеговина), Запро Запров (Македонија), Дора Халас (Унгарија) и Дарина Чакарова (Бугарија).

Концертите од фестивалот ќе се одржуваат во Дијамантската сала на хотел Инекс Горица и црквата Св. Кирил и Методиј (католичка црква), а во состав на отворањето хоровите ќе изведат кратка програма на отворено.

На отворањето ќе настапи Бугарската вокална атракција Војсленд (Voiceland), кои се финалисти на Охридскиот хорски фестивал 2012, а минатата година се пласираа во полуфиналето на бугарското издание на шоуто „Јас имам талент“.

Влезот е слободен, а за посетителите кои ќе го најават своето присуство подготвени се пригодни изненадувања.

 

Распоред на настани:

четврток, 27ми август 2015

  • 19.00      Отворање на фестивалот   Дијамантска сала, хотел Горица
  • 20.30      Настапи на отворено   низ центарот на Охрид

петок, 28ми август 2015

  • 17.30 и 19.00      Натпреварувачки концерти   Дијамантска сала, хотел Горица

сабота, 29ти август 2015

  • 10.00      Поп и фолк концерт   Дијамантска сала, хотел Горица
  • 17.30 и 19.00      Натпреварувачки концерти   Дијамантска сала, хотел Горица

недела, 30ти август 2015

  • 10.00      Концерт на духовна музика   црква Св. Кирил и Методиј
  • 20.00      Натпревар: Финале   Дијамантска сала, хотел Горица

недела, 30ти август 2015

  • 10.00      Концерт на духовна музика црква   Св. Кирил и Методиј
  • 20.00      Натпревар: Финале   Дијамантска сала, хотел Горица

понеделник, 31ви август 2015

  • Конференција за хорско диригирање и интерпретација
  • Доделување на дипломи и признанијa

Публицитет.мк 

Посетеност: 90
Share
Previous Post

Беи Дао: „ Златниот венец “ за мене е посебна чест

Next Post

Варнава Андреевски е во пензија, ама не мирува

Next Post

Варнава Андреевски е во пензија, ама не мирува

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 90

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk