• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јули 6, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Охридскиот пливачки маратон преку слика и збор ( ретроспектива)

август 30, 2015
in Актуелно

Градоначалникот Никола Бакрачески и општина Охрид станаа добитници на признание од Светската Пливачка Федерација и благодарница за големиот придонес во успешната организација на годинешниот 29-ти Охридски пливачки маратон. Наградите  му беа врачени на градоначалникот Бакрачески на синоќешната свеченост што се одржа во Охрид  по повод доделување на наградите на најдобрите пливачи во машка и женска конкуренција  на охридскиот пливачки маратон .

Упатувајќи  честитки до победникот на 29-тиот пливачки маратон Евгениј Поп Ацев ,   до покровителот, Претседателот на Р. Македонија д-р Ѓорѓе Иванов, но и  до сите учесници, организатори, гости, подржувачи и вљубеници во  пливањето, градоначалникот Бакрачески истакна дека препливувањето на патеката “Климе Савин” не е само препливување на патека од 30 км, туку  тоа е пливање во водите на едно од најстарите езера во светот.

Верувам дека со секој замав на пливачите, кај оние кои го следат маратонот пред своите ТВ екрани, но и кај оние кои имаа можност да го гледаат во живо, се буди носталгично сеќавање на основоположниците на оваа манифестација на кои Охрид и Македонија се особено горди, дел од нив се професорот Александар Леко Радич, пливачките асови Дики и Атина Бојаџи, Нико Нестор и секако Климе Савин. Со секој замав на учесниците се воздигнува желбата за постигнување на нов рекорд. Со секое успешно препливување на “Савин” се раѓаат младите спортски надежи. Со секој маратон се збогатува традицијата  која со години наназад ги собира на едно место елитните пливачки имиња-рече Бакрачески.

   Претседателот на Р. Македонија д-р  Ѓорѓе Иванов, кој е и  годинешен добитник на наградата  „Климе Савин“ за  постојаната   и несебична поддршка на Охридскиот пливачки маратон,  синоќа во поздравното обраќање  истакна дека чест и задоволство е да се биде покровител на една од најзначајните спортски манифестации во Македонија.

Со својот квалитет и богатата традиција, Охридскиот маратон си обезбеди место  на мапата на најзначајните пливачки натпревари. Почестени сме што Охридското Езеро секоја година е сцена на драматична спортска битка во која учествуваат најдобрите светски маратонски пливачи и пливачки. Охрид и охридското крајбрежје се издвојуваат со впечатливата природа и со богатото културно –историско наследство како трајно сведоштво за креативноста и безграничноста на човечкиот дух. Во овој хармоничен пејзаж совршено се вклопува и Охридскиот маратон оставајќи свој особен спортски белег– потенцира Иванов.

Синоќа  во Охрид им беа врачени и пехарите на најдобрите пливачи во машка конкуренција Евгениј Поп Ацев  и во женска Алис Франко од Италија а медали добија тројцата најдобри маратонци во машка и женска конкуренција.

Благодарници за учество во организацискиот дел покрај општина Охрид добија и Министерството за внатрешни работи и  Специјалната единица, Тигри.

Евгениј Поп Ацев – прв на целта 

 

Евгениј Поп Ацев е победник на 29-иот Охридскиот пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 30 километри ја исплива за 5:39:42 часа. Поп Ацев е првиот македонски пливач што победува на маратонот во изминатите 29 изданија колку што маратонот  е на „Гран-при“ програмата на трки на отворени води на Светската пливачка федерација.

Првото место во женска конкуренција и припадна на  Алиса Франко од Италија,  која патеката ја  преплива  за 5:44:03 часа.

Победникот на Охридскиот пливачки маратон, покрај паричната награда, ќе добие и 15 бода на своето конто, второпласираниот 11, третиот 9.  Тоа значи дека Поп Ацев со победата во Охрид избива на првото место во генерален пласман со освоени 38 бода и со големи шанси да биде победник во оваа сезона затоа што до крајот на оваа „Гран-при“ серија останува уште маратонот Капри – Неапол.

Во успешната организација на Охридскиот пливачки маратон голем придонес има општина Охрид која како минатата така и оваа година застана зад целосната техничка организација поради што  маратонот ги доби највисоките оцени во светски рамки.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Посетеност: 112
Share
Previous Post

Татјана Дурнева, порачува: – Благодетот од прочитаното е огромен!

Next Post

Месноста Корита посетена,а изгледа запу(с)штено

Next Post

Месноста Корита посетена,а изгледа запу(с)штено

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 112

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk