• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

„Охридско лето“ викендов

јули 23, 2016
in Тикер

Вечерва од 21 часот во црквата „Св. Софија“ ќе настапи Ансамблот „СУДАР перкашн“ (SUDAR Percussion)  формиран во 2010 година, со цел да се поттикне развојот и создавањето на музика за удирачки инструменти.

 

Во ансамблот членуваат млади професионални музичари од Самобор кои се стремат кон популаризирање на овие инструменти помеѓу младите преку работа на иновативни проекти. „СУДАР пекашн“ досега соработувал со некои од најголемите имиња од светската удирачка сцена и музичката уметност воопшто, меѓу кои и композиторот Матеја Мештровиќ – соработка која резултирала со бројни концерти и настапи на еминентни фестивали на Балканот. Ансамблот има издадено и авторски компакт-диск на Мештровиќ, наслов „Eat Suite“, за кој има освоено две награди, од вкупно 6 номинации, на  „Индипендент мјузик авордс“ (Independent Music Awards) во Соединетите Американски Држави.

Програма:

М. Мештровиќ, В. А. Моцарт, М. Менке, Ј. М. Јаре.

Вечерва во Центарот за култура„Григор Прличев“ во рамките на фестивалот ќе биде прикажан филмот „Планината на гневот“ во режија на Љубиша Георгиевски. Филмот е снимен во 1968 година.

По Втората светска, социјалистичката револуционерната војна и ослободувањето на земјата, настапува време на обнова. Тоа е и време кога се инсистира на колективизација на селските имоти. И во Западна Македонија се настојува да се спроведат новите идеи за развој на земјоделското стопанство и на сточарството. Претседател на селската задруга е Стамат, поранешен борец, кој со сиот свој жар и револуционерен елан работи и верува дека колективизацијата е единствен излез за сиромашниот селанец. На својот пат за подобра иднина тој се судира со отпорот на поимотните селани кои тешко се разделуваат од имотот. Во овие околности Стамат се соочува со вистината дека селаните не му веруваат, но и покрај тоа застанува на вистинската страна

scan0013

Награди: Специјални награди за актерите Дарко Дамевски, Ристо Шишков и Марија Исаја, 1968 ФФ, Ниш

Режија: Љубиша Георгиевски

Сценарио: Анте Поповски

Влезот е бесплатен.

Утре – недела на сцената во „Св.Софија“ пак интересен концерт настапуваат Роман Симовиќ (виолина, Црна Гора) и Ратимир Мартиновиќ (пијано, Црна Гора)

Неговата брилијантна виртуозност и вродена музикалност, проследени со бескрајната имагинација го носат на најпрестижните музички сцени во светот. Во биографијата на виолинистот Роман Симовиќ впишани се настапи со водечките оркестри  и со некои од најеминентните диригенти во светот на музиката. Големиот број награди кои ги добива на интернационалните натпревари во светот, го сместуваат меѓу најзначајните виолинисти на неговата генерација. Чест гостин е и на фестивалите во Европа, како солист, но и како камерен изведувач.

IMG_3131-2

Ратимир Мартиновиќ според критичарите е еден од водечките пијанисти на неговата генерација. Има одржано повеќе стотини солистички и камерни концерти во целиот свет, притоа соработувајќи со голем број значајни музички уметници и ансамбли. На почетокот на својата кариера бил чест учесник на националните и некои интернационални натпревари, на кои има добиено повеќе награди и признанија. Има издадено два компакт-дискови со музика од Јохан Себастијан Бах, Волфганг Амадеус Моцарт, Фредерик Шопен, Јоханес Брамс и Сергеј Прокофјев.

Ratimir Martinovic 5 color

 

Посетеност: 91
Share
Previous Post

„Ван Гог“ ќе настапат на „Охридско лето“ во дополнителната програма

Next Post

Вистинската приказна за охридскиот бисер раскажана „На зајдисонце“

Next Post

Вистинската приказна за охридскиот бисер раскажана „На зајдисонце“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 91

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk