Михајло Филев еден од наследниците на скоро еден век чуваната тајна за изработка на познатиот охридски бисер синоќа гостуваше на културно – забавната манифестација „На зајдисонце“.
Преку слајдови и разговор пред публиката во која имаше од сите генерации и мештани и туристи Филев накусо се наврати на сопствените корени и тоа како тајната рецептура за обликување на бисерите преку Русија и Бајкал заедно со рускиот емигрант Јово Субановиќ стигнала во Охрид.

Тој потенцираше дека охридскиот бисер не може да се создаде ако ја нема познатата риба плашица и дека нивните производи – бисерите се веќе заштитен бренд.

Пред публиката Филев раскажа кој се’ од јавните личности и кралски семејства во светот купиле или добиле на подарок примерок од нивниот бисер.

Паралено со фотографиите беше промовирана и монографијата „Охридскиот бисер во фамилиите Филеви и Талеви“.
Падна договорот догодина во Трпејца да биде промовиран и коктелот ЕДЕН бисер кој веже се служи по кафеаните, рестораните и хотелите во Охрид.
Публицитет.мк






