• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Занимливости

„Ван Гог“ ќе настапат на „Охридско лето“ во дополнителната програма

јули 23, 2016
in Занимливости

Во дополнителната програма на Охридско лето, српскиот рок бенд Ван Гог ќе го прослави својот јубилеј 30 години дел од балканската музичката сцена

dde99052-948b-4bdb-a6a3-3e6d5f98002c

На 1ви август, на локација на Долни Сарај, Охрид, еден од најголемите балкански рок состави, ќе одржат концерт, во рамки на дополнителната програма на Охридско лето. За време на концертот Ван Гог ќе ја забавуваат публиката со стари и  нови хитови.  

Групата Ван Гог е формирана во 1986 година кога го објавуваат и нивниот прв сингл „Трагови на минатото“. Досега имаат објавено 9 албуми, а последниот е насловен „Неумерен у свему“. За песната „Ангеле мој брате“ од последниот албум тие направија и македонска верзија од истата, која се наоѓа на плеј листите на македонските радио станици.

Ван Гог два пати се добитници на престижната награда од Ем-ти-ви Адрија, во категоријата за најдобар регионален изведувач. Прв пат оваа награда ја добиваат во 2007 година, а во 2014 повторно се закитија со истата.

„За секој настап во Македонија постои посебна возбуда, а настапот пред македонската публика претставува вистинско задоволство. Секоја наша песна има текст со порака и силни емоции, кои македонската публика целосно ги препознава. Случајно или не, нашите две последни турнеи и промоции на нашите два албума започнaa токму во Македонија“, изјави Звонимир Ѓукиќ – Ѓуле

По големата турнеја во Австралија насловена „Со лице во лице“ , истата е во полн ек и низ балканските земји. Познати по својата динамична музика, и моќен рок звук, концертот ветува забава за сите присутни.

Концертот ќе биде поддржан од голем број компании меѓу кои Кнауф, Витаминка, Рехау, Кармен Бауцентар, Еуроедил Холдинг.

Публицитет.мк

Посетеност: 110
Share
Previous Post

Ќе се збогатува програмата на фестивалот OHRID CALLING

Next Post

„Охридско лето“ викендов

Next Post

„Охридско лето“ викендов

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 110

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk